Ебола хеморагична треска

Definicija

Ебола хеморагична треска (ЕХФ), предизвикана од Ебола вирусот, е тешка вирална хеморагична болест која првично се карактеризира со треска и малаксаност, а потоа е проследена со гастроинтестинални симптоми, крварење, шок и мултиорганско системско откажување.

Пребарување

Pun naziv

Ебола хеморагична треска

Kratki naziv

---

Sinonimi

Болест на Ебола вирус ЕХФ Ебола треска

Orpha broj

319218

Kategorija

Podkategorija

Naziv na stranom jeziku

---

Prevalenca

---

Nasleđivanje

---

Period početka bolesti

---

ICD 10

A98.4

OMIM

---

UMLS

C0282687

GARD

---

MEDDRA

10014071
Tekstualni opis
После период на инкубација од околу 8 дена (опсег 3-21 ден), кај пациентите типично се презентира нагла појава на неспецифични знаци и симптоми кои вклучуваат треска, малаксаност, главоболка, болка во градите и мијалгија/артралгија, брзо проследени со гастроинтестинални симптоми (повраќање, дијареја, абдоминална болка), а кај некои сличаи со макулопапуларен осип на кожата. Тешките случаи развиваат крварење (субконјуктивно крварење, епистакса, крварење од устата и ректумот, истекување од местата на венопункција), невролошко зафаќање (дезориентација, конвулзии, кома), шок и мултиорганско системско откажување. Често присутни се блага-до умерена леукопенија и тромбоцитопенија, често се развива дисеминирана интраваскуларна коагулација (ДИЦ), која најдобро е укажана со присуството на Д-димери.
Etiologija
Над 25 различки вируси предизвикуваат вирална хеморагична треска. Ебола вирусот е член на семејствата вируси Филовиридае, заедно со Марбург вирусот. До денес се идентификувани 6 различни видови на Ебола вирусот, иако само 4 се патогенски за луѓето, од кои сите се ендемични само во суб-Сахарска Африка. Собирањето на докази укажува дека овошните лилјаци се резервоарот на Ебола вирусот, со што инфекцијата кај луѓе веројатно се случува со несвесен контакт со измет/урина или плунка од лилјаци. Инфекцијата повремено се случува и преку контакт со ткива на други диви примати, особено горили и шимпанза, веројатно исто така инфицирани преку изложеност на лилјак. Човек-на-човек преносот се случува преку директен контакт со крв или телесни течности на инфицирани лица.
Prognoza
bolest_prognoza
Diferencijalna dijagnoza
ЕХФ е теша за разликување од многу други фебрилни болести, барем рано во текот на болеста. Треба да се исклучат други вирални хеморагични болести, особено Марбург хеморагична треска, како и маларија, тифус, лептосироза, рикецијална болест и менингококемија.
Tretman
Пациентите треба да бидат изолирани и за да се спречи нозокомијален пренос треба да бидат преземени претпазливи мерки (штитови за лицето, хируршки маски, двојни ракавици, хируршки одела и престилки). Затоа што моментално нема достапен антивирален лек за ЕХФ, лекувањето е поддржувачко и ги следи насоките за лекување на тешка септикемија. Лицата кои имале незаштитен контакт со некој со ЕХФ треба да се надгледуваат.
Dijagnostičke metode
Вообичаените дијагностички модалитети вклучуваат клеточна култура (ограничена на лаборатории со биобезбедност ниво 4), серолошко тестирање со ензимски поврзана имуносорбентна анализа (ЕЛИСА) или индиректно флуоресцентно антитело (ИФА) и РТ-ПЦР. Поради тоа што нема достапни комерцијални анализи, овие тестови типично се прават само во специјализирани лаборатории.
Antenatalna dijagnoza
---
Epidemiologija
ЕХФ е забележана во Централна и Западна Африка. Генерално се препознава само кога има избувнувања, обично на помалку од 100 случаи, коишто скоро непрекинато се поттикнати од нозокомијалниот пренос во болници во области кои немаат ресурси и кадешто не се одржуваат правилните процедури за контрола на инфекции. Меѓутоа, студиите на серопреваленца предлагаат непрепознаен ендемичен пренос во некои делови од Африка.
Genetsko savetovanje
---
Terapija
---
Klinička istraživanja
---