PHACE (ПХАЦЕ) синдром

Definicija

PHACE (ПХАЦЕ) е акроним кој се користи да се опише синдром кој се карактеризира со поврзувањето на малформации на мозокот на постериорната фоса, големи хемангиоми на лицето, анатомски аномалии на церебралните артерии, аортна коарктација и други срцеви анималии и очни абнормалности. Стерналните аномалии се понекогаш присутни, па затоа кај овие случаи синдромот е наречен PHACES (ПХАЦЕС). Неодамна се додадени уште 2 дополнителни манифестации на клиничкиот спектар на ПХАЦЕ синдромот: стеноза на садовите на базата на черепот и сегментални лонгитудинални дилатации на внатрешната каротидна артерија.

Пребарување

Pun naziv

PHACE (ПХАЦЕ) синдром

Kratki naziv

---

Sinonimi

Пасквал-Кастровиjехо синдром тип 2

Orpha broj

42775

Kategorija

Podkategorija

Naziv na stranom jeziku

---

Prevalenca

---

Nasleđivanje

Х-врзано доминантно

Period početka bolesti

---

ICD 10

Q28.8

OMIM

606519

UMLS

C1847874  C2242617

GARD

8338

MEDDRA

10068032
Tekstualni opis
Новородените и бебињата се оние кои се погодени. Изразувањето на целосната клиничка слика на ПХАЦЕ синдромот е екстремно ретко, а повеќето пациенти покажуваат само делумен фенотип (на нецелосен клинички спектар). Малформациите на постериорната фоса вклучуваат церебеларна хипоплазија, арахноидни цисти, кортикапна дисгенеза и Денди-Вокер малформација. Капиларните хемангиоми ги имаат истите морфолошки, клинички и еволутивни карактеристики како кај оние на спорадични бенигни хемангиоми. Интракранијалните и субарахноидните лезии може да се појават истовремено, а интракранијалните лезии еволуираат на истиот начин како максилофацијалните или цервикалните хемангиоми. Опишани се 2 типа на артериски аномалии: постојаност на ембриолошките артерии и агенеза на каротидната или вертебралната артерија. Овие анатомски распореди овозможуваат нормална церебрална функција, но го ограничуваат капацитетот на колатералната циркулација во случај на поврзана оклузивна или стенозна лезија. Офталмолошките аномалии вклучуваат глауком, колобом, микрофталмија, криптофталмија и хипоплазија на оптичкиот нерв. Кај повеќето случаи васкуларните лезии се уни- и хомолатерални, што укажува на тоа дека ПХАЦЕ синдромот е член на групата на цереброфацијални синдроми со зафатеност на неколку соседни сегменти на невралната кора. Стерналните аномалии кои резултираат од вентралните развојни дефекти се ретки и вклучуваат стернални расцепи и/или малформации на супраумбиликалниот срт. Прогресивните стенозни лезии на интрацеребралните артерии (кои обично се еднострани) се локализирани на предните или задните поделби на внатрешната каротидна артерија. Тие резултираат од концентрична пролиферација на васкуларниот ѕид што предизвикува прогресивно намалување на големината на луменот. Задебелувањето на васкуларниот ѕид е одговорно и за издолжување на деловите на внатрешната каротидна артерија. Како последица невролошките симптоми се променливи, во зависност од големината и поврзаната територија на затворените садови. И другите манифестации, како што се главоболки или одложен психомоторен развој, можат да бидат предизвикани од истата исхемична етиологија.
Etiologija
Етиологијата на синдромот е непозната.
Prognoza
bolest_prognoza
Diferencijalna dijagnoza
---
Tretman
Лекувањето треба да биде мултидисциплинарно со цел на стабилизирање на срцевите и невролошките манифестации и спречување на раст на ангиом. Во зависност од волуменот и местото на лезиите, може да се предложи лекување со лекови или хируршко лекување за капиларните хемангиоми. Лекувањето со аспирин често се препорачува за да се спречат исхемични несреќни случаи и церебрална реваскуларизација. За ПХАЦЕ може да се предложи и хируршка интервенција, често индицирана за пациенти со Моја-моја.
Dijagnostičke metode
Дијагнозата може да се потврди со КТ скен, МРИ и кардиопулмонални истражувања. Ангиографијата не се изведува систематски. Раната дијагноза и лекувањето го намалува бројот и ја ублажува сериозноста на компликации.
Antenatalna dijagnoza
---
Epidemiologija
Поврзаноста на манифестациите е ретка, а досега во литературата се опишани помалку од 100 случаи. Синдромот е почест кај жените отколку кај мажите (8:1).
Genetsko savetovanje
Женското преовладување индицира на Х-врзан доминантен пренос што е смртоносен за мажите.
Terapija
---
Klinička istraživanja
---