Бабесиоза
Definicija
Бабесиоза е заразна болест предизвикана од протозоа на родот Бабесија и се карактеризира со фебрилна болест и хемолитичка анемија, но со појави кои се движат од асимптоматична инфекција до фулминатна болест која може да доведе до смрт.
Пребарување
Pun naziv
Бабесиоза
Kratki naziv
---
Sinonimi
---
Orpha broj
108
Kategorija
Podkategorija
Naziv na stranom jeziku
---
Prevalenca
---
Nasleđivanje
Не е применливо.
Period početka bolesti
---
ICD 10
B60.0
OMIM
---
UMLS
C0004576
GARD
5878
MEDDRA
10003965
Tekstualni opis
Поголемиот дел од имунокомпетентните пациенти имаат блага до средно тешка болест или се асимптоматични. Симптомите обично започнуваат 1-4 недели после каснување од инфициран крлеж, или 1 недела до 6 месеци после трансфузија со инфицирана крв. Најчести симптоми се треска (која може да достигне и 40.9 степени целзиусови и може да е придружена со спленомегалија), замор и слабост. Други вообичаени симптоми се: треска, потење, главоболка, мијалгија, артралгија, непродуктивна кашлица, мачнина и анорексија. Помалку често, дел од пациентите може да имаат и болно грло, фотофобија, повраќање, загуба на телесна тежина и депресија. Симптомите може да траат 1-2 недели, но заморот може да трае и неколку месеци потоа. Кај имунокомпромитираните пациенти има посериозни и подолготрајни инфекции со релапси и затоа е потребен и прием во болница. Б. дивергена и Б. дункана инфекции се многу сериозни и најчесто се јавуваат кај лица кои немаат слезина. Компликации се случуваат кај половина од хоспитализираните пациенти и вклучуваат дисеминирана интраваскуларна коагулопатија и акутен респираторен дистрес синдром, а помалку често е погоден црниот дроб, се случува ренален или конгестивен застој на срце, кома и смрт.
Etiologija
Бабесиозата е предизвикана од инфекции од една од неколкуте видови на Бабесија кои инфицираат луѓе, вклучувајќи: Б. Микроти (најчеста, во САД), Б. Дункани, Б. Дивергенс (најчеста во Европа) и В. Венаторум. Најголем дел од пациентите се инфицирани од каснување од инфициран нимфален крлеж за време на рано лето до доцна есен, и тоа иксодес скапуларис (во САД), или иксодес рицинус (во Европа). Паразитот може да се пренесе на луѓето преку инфузии или контаминирана крв или крвни продукти. Пријавени се и неколку случаи на трансплацентално пренесување.
Prognoza
bolest_prognoza
Diferencijalna dijagnoza
Диференцијалните дијагнози вклучуваат други инфективни болести како маларија, Лајмска болест, ехрилихиоза, Rocky Mountain (Роки планинска) пегава треска, тифус и инфективна мононуклеоза.
Tretman
Лекувањето за блага до умерена бабесиоза се состои од администрирање на антимикробни агенси, атоваквон азитромицин, во тек на 7-10 дена. Орален кинин и интравенозен клиндамицин се препорачуваат за пациенти со сериозно тешка бабесиоза, но пациентите мора да се следат внимателно поради повисока фреквенција на несакани ефекти. Серионо тешката бабесиоза се лекува со делумна или целосна трансфузија. Сериозно имунокомпромитираните пациенти може да имаат потреба од 6 неделна антимикробна терапија ако инфекцијата сѐ уште трае или се повторува. Превентивни мерки кои може да се преземат се избегнување на области со крлежи, глувци и елени и редовен преглед за крлежи, заштитна облека и користење на средства кои одбиваат крлежи.
Dijagnostičke metode
Бабесиозата треба да се разгледа кај пациенти кои имаат необјаснива фебрилна болест, а престојуваат или патувале во област која е ендемична за Бабесија, или пак примиле трансфузија на крв во претходните 6 месеци. Лабораториските тестови обично откриваат хемолитичка анемија, тромбоцитопенија, и нормален или малку намален број на леукоцити. Со Гиемса или Врајт боење на размаска на крв се покажуваат паразити во еритроцитите домаќини и имааат тркалезен, крушков или овален изглед со сина цитоплазма со црвен хроматин. Полимеразна верижна реакција (ПЦР) може да ја потврди дијагнозата со откривање на ДНК од бабесија во крвта на пациентот. Серолошко тестирање е исто корисно за потврдување на дијагнозата.
Antenatalna dijagnoza
---
Epidemiologija
Преваленцата е непозната, но најчесто се пријавува во САД. Во 2011 година се пријавени 1124 случаи во САД, со тоа што 92% од тие случаи настанале во североисточните и горните среднозападни држави. Спорадични случаи се исто пријавени во Европа, Азија, Африка, Австралија и Јужна Америка.
Genetsko savetovanje
---
Terapija
---
Klinička istraživanja
---