Нокардиоза

Definicija

Нокардиозата може да е локална (кожа, бели дробови, мозок) или дисеминирана (целото тело), акутна, субакутна, или хронична бактериска инфекција.

Пребарување

Pun naziv

Нокардиоза

Kratki naziv

---

Sinonimi

---

Orpha broj

31204

Kategorija

Podkategorija

Naziv na stranom jeziku

---

Prevalenca

Непознато

Nasleđivanje

---

Period početka bolesti

---

ICD 10

A43.0  A43.1  A43.8  A43.9

OMIM

---

UMLS

C0028242

GARD

---

MEDDRA

10029444
Tekstualni opis
Нокардиоза може да се случи на било која возраст, но е почеста во средна возраст. Клиничките појави зависат од местото на инфекција. Кај повеќето пациенти се јавува пулмонална болест. Чести знаци се замор, треска, висока температура, кашлање (слично на кашлицата при пневмонија или туберкулоза), диспнеја, плеурални градни болки, и загуба на телесна тежина. Примарна кутана нокардиоза може да се појави како кутана, лимфокутана или субкутана инфекција. Кутаната инфекција се појавува како целулитис, пустули, пиодерма, паронихија, улцерации или локализирани апцеси. Слични лезии се појавуваат со лимфокутани инфекции, но се поврзани со растечка регионална лимфаденопатија. Субкутаната инфекција се појавува како појава на мицетом, предоминантно погодувајќи ги есктремитетите. Дисеминираната нокардиоза типично ги погодува имунокомпромитираните домаќини. Лезиите на мозокот или менингите се чести.
Etiologija
Болеста е предизвикана од Нокардија инфекции. Нокардија е аеробна, грам позитивна разгранувачка филаментозна бактерија која се наоѓа во почвата, распаѓачки зеленчуци и водени околини. Инфекцијата може да се случи преку директна инхалација или инокулација. Досега се пријавени најмалку 13 видови на Нокардија кои може да предизвикаат човечка болест, а најчесто идентификувани видови се: Н. астероидс комплекс и Н. бразилиенсис. Нокардиоазата е често поврзана со историја на траума (убодни рани или гребнатини од мачка), имунодефициенција, отпорност кон претходна антибиотска терапија или треска.
Prognoza
bolest_prognoza
Diferencijalna dijagnoza
Диференцијалната дијагноза треба да вклучи туберкулоза, аспергилоза, хистоплазмоза, Капоси сарком, споротрихоза, нон-Хочкин лимфом, апцеси на белите дробови и пневмонија.
Tretman
Лекувањето вклучува антибиотска терапија, воглавно со триметоприм - сулфаметоксазол. Траењето на терапијата (од 1 до 12 месеци), зависи од типот на Нокардија инфекцијата. За локализирани апцеси се прави операција.
Dijagnostičke metode
Дијагнозата е заснована на анализа на култури од организмот земени од местото на инфекција и со идентификација на Нокардија преку темелни молекуларни техники како РФЛП или ПЦР. Може да е поребна и радиографија на градниот кош.
Antenatalna dijagnoza
---
Epidemiologija
Годишната инциденца во САД е проценета на 1 на 250 000, но може да е потценета. Точната инциденца во Европа не е позната, но мажите се почесто погодени од жените (3:1).
Genetsko savetovanje
---
Terapija
---
Klinička istraživanja
---