Тирозинемија тип 2

Definicija

Тирозинемија тип 2 е вродена грешка на метаболизмот на тирозин која се карактеризира со хипертирозинемија со окулокутани манифестации, и во некои случаи и интелектуален дефицит.

Пребарување

Pun naziv

Тирозинемија тип 2

Kratki naziv

---

Sinonimi

Тирозинемија поради недостаток на тирозин аминотрансфераза Тирозинемија тип 2 Рихнер-Ханхарт синдром Кератоза палмоплантарис - корнеална дистрофија синдром Окулокутана тирозинемија Тирозинемија поради ТАТ недостаток

Orpha broj

28378

Kategorija

Podkategorija

Naziv na stranom jeziku

---

Prevalenca

---

Nasleđivanje

Автосомно рецесивно

Period početka bolesti

---

ICD 10

E70.2

OMIM

276600

UMLS

C0268487

GARD

3105

MEDDRA

10069463
Tekstualni opis
Кожните лезии се случуваат во 80% од случаите, околуарна погоденост има во 75% од случаите и невролошки наоди и интелектуален дефицит до одреден степен кај 60% од случаите. Почетокот е варијабилен, но окуларните симптоми (црвенило, фотофобија, екцесивно кинење и болка) вообичаено се случуваат во првите години од животот. Окуларните знаци вклучуваат и замаглување на рожницата со билатерални дендритиформни корнеални лезии (псевдодендритичен кератитис), неоваскуларизација, корнеална улцерација и оштетување, што може да доведе до намалена острина на видот. Кутаните манифестации обично започнуваат после првата година од животот, но може да се развијат и во исто време како и окуларните симптоми. Кожните лезии се составени од непруритични, хиперкератотични папули и пликови, најчесто лоцирани на дланките и на стапалата (палмоплантарна хиперкератоза). Овие лезии се болни и прогресивни и се често поврзани со хиперхидроза. Погоденоста на централниот нервен систем е високо варијабилна и најчесто се јавува интелектуален дефицит (од умерен до сериозен). Други знаци на ЦНС погоденост се проблеми во однесувањето, нистагма, тремор, атаксија и конвулзии.
Etiologija
Тирозинемија тип 2 настанува од мутации во ТАТ генот кој енкодира тирозин аминотрансфераза (ТАТ). Покачените нивоа на тирозин предизвикани од недостаток на ТАТ, изгледа дека доведуваат до таложење на тирозин кристали, што води до инфламаторна реакција и до окулокутаните наоди. Предложена е и корелација помеѓу погоденоста на ЦНС и нивоата на тирозин во плазмата.
Prognoza
bolest_prognoza
Diferencijalna dijagnoza
Бидејќи очните наоди се често првичен симптом на болеста, псевдодендритичниот кератитис често погрешно се смета за херпес симплекс кератитис.
Tretman
Контролата на болеста е со ограничен внес на храна со фенилаланин и тирозин. Може да се администрираат орални ретиноиди за третман на кожни лезии.
Dijagnostičke metode
Дијагнозата се поставува на основа на клиничките наоди и откривање на високи нивоа на тирозин во плазмата и урината, и зголемени нивоа на уринарни тирозин метаболити (како 4-хидроксифенилпируват, 4 хидроксифениллактат, 4 хидроксифенилацетат и Н-ацетилтирозин). ТАТ тестовите на примероци од биопсија на црн дроб обично не се потребни за дијагноза. Некои пациенти со тирозинемија тип 2 може да се идентификуваат преку програми за неонатален скрининг.
Antenatalna dijagnoza
Молекуларна генетска пренатална дијагноза се прави кај семејства со идентификувана ТАТ мутација.
Epidemiologija
Преваленцата не е позната, но досега во литературата се пријавени помалку од 150 случаи. Болеста е почеста во арапската и медитеранската популација.
Genetsko savetovanje
Тирозинемија тип 2 се пренесува автосомно рецесивно.
Terapija
---
Klinička istraživanja
---