ГМ1 ганглиосидоза тип 2

Definicija

ГМ1 ганглиосидоза тип 2 е клинички варијабилна, форма на ГМ1 ганглиосидоза со почеток во доба на доенче или во детство, а се карактеризира со нормален ран развој и психомоторна регресија меѓу 7 месечна и 3 годишна возраст.

Пребарување

Pun naziv

ГМ1 ганглиосидоза тип 2

Kratki naziv

---

Sinonimi

Јувенилна ГМ1 ганглиосидоза Доцно-инфантилна ГМ1 ганглиосидоза

Orpha broj

79256

Kategorija

Podkategorija

Naziv na stranom jeziku

---

Prevalenca

---

Nasleđivanje

Автосомно рецесивно

Period početka bolesti

---

ICD 10

E75.1

OMIM

230600

UMLS

C0268272

GARD

10126

MEDDRA

---
Tekstualni opis
Пациентите со детската форма на ова нарушување развиваат знаци и симптоми од средна тежина вклучувајќи локомоторни нарушувања, страбизам, мускулна слабост, напади, летаргија и белодробни инфекции. Во споредба со тип 1, можат да бидат поблаги или отсутни висцеромегалија и скелетни аномалии. Не се чести макуларните дамки во боја на цреша. Текот на нарушувањето се карактеризира со бавна прогресија. Фацијалната грубост се развива со тек на време.
Etiologija
ГМ1 ганглиосидоза е предизвикана од мутации во генот ГЛБ1 (3p22.3) кој кодира за бета-галактосидаза.
Prognoza
bolest_prognoza
Diferencijalna dijagnoza
Диференцијалната дијагноза вклучува мукополисахаридози, сфинголипидози и олигосахаридози.
Tretman
Лекувањето на пациенти со ГМ1 ганглиосидоза е симптоматско и супортативно.
Dijagnostičke metode
Дијагнозата е предложена од клинички знаци, како што се психомоторна регресија и фацијална грубост, Биохемиски и/или генетски тестови ја потврдуваат дијагнозата.
Antenatalna dijagnoza
Пренатална дијагноза може да се изведе со анализа на активноста на бета-галактосидаза и/или со ГЛБ1 молекуларна анализа во клетките на хориноски вили (ЦВ) или клетките на амниотска течност ако мутациите се идентификувани во индексен случај.
Epidemiologija
Тип 2 е поретка форма на ГМ1 ганглиосидоза во споредба со инфантилната болест тип 1, но точната преваленца, иако непозната, веројатно е потценета. До денес се пријавени помалку од 50 случаи. Вкупната преваленца при раѓање на ГМ1 ганглиосидоза е проценета на приближно 1:100,000 до 200,000 живородени.
Genetsko savetovanje
ГМ1 ганглиосидоза е автосомна рецесивна болест. На погодените семејства треба да им се обезбеди генетско советување.
Terapija
---
Klinička istraživanja
---