Q треска

Definicija

Q треска, предизвикана од Коксиела бурнетии, бактериска зооноза со широк клинички спектар што може да биде живото-загрозувачка и во некои случаи да прерасне во хронична.

Пребарување

Pun naziv

Q треска

Kratki naziv

---

Sinonimi

Девет Милји треска Коксиелоза Каменолом треска Квадрилатерална треска Инфекција заради Коксиела бурнетии

Orpha broj

781

Kategorija

Podkategorija

Naziv na stranom jeziku

---

Prevalenca

Непознато

Nasleđivanje

Не е применливо

Period početka bolesti

---

ICD 10

A78

OMIM

---

UMLS

C0034362  C2973787

GARD

7515

MEDDRA

10037688  10037731
Tekstualni opis
Q треска ги погодува сите возрасти, но најчесто е пријавена кај 30-70 годишни. Периодот на инкубација е 2-3 недели. Приближно 60% од случаите се асимптоматски. Најчестите симптоми на акутна Q треска се висока треска, тешка главоболка, мијалгија, студ и кашлица. Исто така може да се поврзе и со пневмонија или хепатитис. Пневмопатијата е главно умерена, но може да се појават и плеурална ефузија или акутен респираторен дистрес. Симптомите може да траат 10-90 дена. Ретко пациентите може да имаат невролошки (менингитис), срцеви (перикардитис, миокардитис) или дерматолошки манифестации (макулопапуларна ерупција, еритема нодосум). Децата често страдаат од гастроинтестинални манифестации и осип на кожата (кај 50% од дијагностицираните деца). Инфекцијата може да прерасне во хронична форма.
Etiologija
Коксиела бурнетии е интраклеточна грам-негативна бактерија која е класифицирана во гама групата на Протеобактерии. Повеќето инфекции се последица на инхалација на аеросоли или прашина контаминирани со исушени телесни течности или екскрети од инфицирани животни. Поретки патишта на инфекции вклучуваат внес на контаминирано млеко, каснување од крлеж или пренос на фомит. Не е пријавен пренос човек на човек, или мајка на фетус.
Prognoza
bolest_prognoza
Diferencijalna dijagnoza
Диференцијалната дијагноза вклучува било која болест со треска и други конституционални симптоми како што се Бруцелоза и инфлуенца (грип).
Tretman
Профилактичките стратегии се базирани на вакцинација (во Австралија) и соодветни хигиенски мерки. Придржувањето до стандардни мерки на претпазливост за време на грижа на пациенти го спречува преносот. Симптоматските пациенти со акутна Q треска треба да се лекуваат 2 недели со доксицилин. Кај жени во плодни години треба да се направи тест за бременост пред да се започне лекувањето. Децата помали од 8 години со блага болест, бремени жени и пациенти алергични на доксицилин можат да се лекуваат со триметоприм-сулфаметоксазол. Хронична Q треска се лекува со комбинација на доксицилин и хидроксихлорокин најмалку 18 месеци.
Dijagnostičke metode
Дијагнозата на акутна Q треска е потврдена со серолошки доказ за четирикратно зголемување на имуноглобулин фаза II (Иг) Г преку имунофлуоресцентен тест меѓу спарените серуми земени измеѓу 3-6 недели. ПЦР тестирање на крв или серум може да биде корисно во првите 2 недели од почетокот на симптомите и пред примањето на антибиотици. Единствен високо серумски титер на фаза II ИгГ може да се смета за доказ на веројатна инфекција. Докажувањето на хронична Q треска се базира на зголемен титер на фаза 1 ИгГ (обично≥1:1024) и препознатлив нидус на инфекција (ендокардитис, васкуларна инфекција, остеомиелитис, хроничен хепатитис). Нивоата на ензими во црниот дроб се често покачени.
Antenatalna dijagnoza
---
Epidemiologija
Во последните години во Европа, има зголемување на бројот на пријавени случаи. Особено во Холандија меѓу 2007 и 2010 беа пријавени повеќе од 4,000 случаи.
Genetsko savetovanje
---
Terapija
---
Klinička istraživanja
---