Марбург хеморагична треска
Definicija
Марбург хеморагична треска (МХФ), предизвикана од Марбург вирус, е сериозна вирална хеморагична болест која се карактеризира со почетна треска и лоша состојба, проследена со гастроинтестинални симптоми, крварење, шок, и мултисистемско распаѓање на организмот.
Пребарување
Pun naziv
Марбург хеморагична треска
Kratki naziv
---
Sinonimi
Марбург вирус болест МХФ Болест на зелениот мајмун
Orpha broj
99826
Kategorija
Podkategorija
Naziv na stranom jeziku
---
Prevalenca
---
Nasleđivanje
---
Period početka bolesti
---
ICD 10
A98.3
OMIM
---
UMLS
C0024788
GARD
---
MEDDRA
10026822
Tekstualni opis
После периодот на инкубација од околу 8 дена (3-21 ден), пациентите обично имаат агресивен почеток на неспецифични знаци и симптоми кои влучуваат висока температура, малаксаност, болка во гради и мијалгија /артралгија, проследени брзо со гастроинтестинални симптоми (повраќање, дијареја, болка во стомак) и во некои случаи макулопапуларни осипи на кожата. Сериозно тешки случаи развиваат и крварење (суб-конјуктивно крварење, епистакса, крварење од уста и ректум, течење од места на венипунктура), невролошко вклучување (дезориентација, конвулзии, кома), шок и мултисистемско распаѓање на организмот. Често се појавува блага до средна леукопенија и вообичаено се развива дисеминирана интраваскуларна коагулација (ДИЦ), која најдобро го покажува присуството на Д-димери.
Etiologija
Преку 25 различни вируси може да предизвикаат хеморагична треска. Марбург вирусот е член на семејството вируси Филовиридае, заедно со Ебола вирусот. Идентификувани се различни типови кои имаат различен степен на смртност. Доказите кои се насобрани до сега покажуваат дека резервоар на Марбург вирусот се овошни лилјаци, а примарна човечка инфекција се создава од контакт со екскрет или плунка од лилјакот. Влезот во пештерите и рудниците каде живеат овие лилјаци е ризичен фактор. Инфекцијата ретко се пренесува преку контакт со ткива од диви мајмуни, кои се инфицирани преку изложеност на лилјаци. Човек - на - човек пренесување на инфекцијата е преку директен контакт со крв или телесни течности од инфицирани лица.
Prognoza
bolest_prognoza
Diferencijalna dijagnoza
МХФ тешко се разликува од други фебрилни болести, особено во раните фази од текот на болеста. Други вирални хеморагични трески треба да се исклучат, особено Ебола, маларија, тифоидна треска, лептоспироза, рикецијална инфекција, чума, бактеријална дизентерија менингококцемија.
Tretman
Пациентите треба да се изолираат а мерките на претпазливост (штитници за лице, хируршки маски, дупли ракавици, хируршка облека и фути) треба да се користат за да се превенира носокомијална трансмисија. Бидејќи нема моментално антивирусен лек за МХФ, третманот кој се користи е само поддржувачки и се следат препораки за третман на сериозна септикемија. Лицата кои имаат незаштитен контакт со некој кој има МХФ треба да се следат соодветно.
Dijagnostičke metode
Вообичаени дијагностички модалитети обично вклучуваат култура на клетки (ограничена на лаборатории со биобезбедносно ниво 4), серолошко тестирање со ензимко поврзана имуносорбентна анализа (ЕЛИСА) или индиректни флуоресцентни антитела (ИФА) и обратна транскрипција на реакција на ланец на полимераза (РТ-ПЦР). Бидејќи нема комерцијално достапни анализи, овие тестови се вршат само во неколку специјализирани лаборатории.
Antenatalna dijagnoza
---
Epidemiologija
МХФ е ендемичен за Централна Африка и генерално има мали спорадични епидемии до 250 случаи, како во Ангола 2004-2005. До денес се пријавени помалку од 500 случаи.
Genetsko savetovanje
---
Terapija
---
Klinička istraživanja
---