Синдром на стрептококен токсичен шок

Definicija

Синдром на стрептококен токсичен шок (стрептококен ТСС) е акутна болест посредена со производството на суперантигени токсини, што се карактеризира со ненадеен почеток на треска и други фебрилни симптоми, болка, мултисистемско органско зафаќање и потенцијално води до кома, шок и смрт заради инфекција со Стрептококус пиогенес.

Пребарување

Pun naziv

Синдром на стрептококен токсичен шок

Kratki naziv

---

Sinonimi

Стрептококен ТСС

Orpha broj

99918

Kategorija

Podkategorija

Naziv na stranom jeziku

---

Prevalenca

---

Nasleđivanje

Не е применливо

Period početka bolesti

---

ICD 10

A48.3

OMIM

---

UMLS

C0343532

GARD

---

MEDDRA

10044251
Tekstualni opis
Стрептококен ТСС обично се појавува со ненадеен почеток на болка, често имитирајќи перитонитис или лоциран во екстремитетите кај претходно здрави возрасни лица. Главните симптоми кои наликуваат на грип, како што се висока треска, мијалгија, гадење, дијареја и повраќање се знаци на стрептококен ТСС, а повеќето пациенти развиваат хипотензија кратко после хоспитализирање. Знаците на инфекција на мекото ткиво можат да се присутни, а се манифестираат со локализирана еритема и оток, што кај некои случаи може да доведе до некротизирачки фасциитис. Дифузна еритема што наликува на скарлатина се појавува кај 10% од случаите. Други сериозни манифестации се збунетост, шок, ренална дисфункција, акутен респираторен дистрес синдром (АРДС) и кома. Кај некои случаи стрептококен ТСС може да се поврзе со акутна адренална инсуфиенција.
Etiologija
Стрептококниот ТСС е предизвикан од инфекција со Стрептококус пиогенес, исто позната како група А стрептококус (ГАС), и обично е поврзана со кожни инфекции, пораѓај и операции. Инфекцијата се појавува на местото на траума или може да следи вирална инфекција (инфлуенца или варичела). Стрептококниот ТСС е резултат на токсини испуштени од бактерија што предизвикува масивна имуна реакција што главно вклучува цитокини и хемокини. Реакцијата е поврзана со активацијата на Т-клетките со производство на суперантигени што го заобиколуваат главниот пат на презентацијата на антигени. Исто така ретко поврзани се Стрептококус група Ц и Г.
Prognoza
bolest_prognoza
Diferencijalna dijagnoza
Диференцијалните дијагнози вклучуваат стафилококен ТСС, септичен шок, тифусна треска, Rocky Mountain пегав тифус, лептоспироза, перитонитис, пневмонија, пелвична инфламаторна болест, перикардитис, акутен миокарден инфаркт, менингококемија, осип од вирус/лекови/алергија.
Tretman
Почетокот на стрептококен ТСС е ненадеен и има потреба од итно медицинско лекување на интензивна нега. Лекувањето вклучува антибиотици (бета-лактам антибиотици и клиндамицин) заедно со супортативна терапија (надокнадување на течности, инотропи и вазопресори) и интравенозни имуноглобулини што блокираат суперантигни. Кај некои случаи можат да помогнат кортикостероиди и рекомбинантно активиран протеин Ц (деротрекогин-алфа). Дијализата може да е потребна кај оние со ренална дисфункција, а суплементација на кислород со механичка вентилација се потребни за пациенти со АРДС. Сомневањето на некротизирачки фасциитис може да бара отстранување.
Dijagnostičke metode
Клиничките симптоми заедно со лабораториските анализи се основата за дијагноза на стрептококен ТСС. Пациентите со треска, мултисистемско откажување на органите и шок, се тестираат за ГАС во крвта или нормално стерилно место (пример, цереброспинална, плеурална или перитонеална течност), а на оние кои се позитивни, им е дадена дијагноза на стрептококен ТСС. Бактеремијата е присутна кај сите пациенти со стрептококен ТСС (приближно 60%), што не е случај кај стафилококен ТСС, кадешто е забележана кај приближно 5% од случаите.
Antenatalna dijagnoza
---
Epidemiologija
Годишната инциденца е проценета на движење меѓу 1/300,000 - 1/1,000,000.
Genetsko savetovanje
---
Terapija
---
Klinička istraživanja
---