Хронична икавица
Definicija
Хронична икавица е ретко пореметување кое се карактеризира со неволни грчевити контракции на мускулите за вдишување синхронзирано со затварањето на ларинксот кои траат повеќе од 48 саати.
Пребарување
Pun naziv
Хронична икавица
Kratki naziv
---
Sinonimi
---
Orpha broj
396
Kategorija
Podkategorija
Naziv na stranom jeziku
---
Prevalenca
1-9 / 100 000
Nasleđivanje
Не е применливо
Period početka bolesti
---
ICD 10
---
OMIM
---
UMLS
---
GARD
6657
MEDDRA
---
Tekstualni opis
Неволните грчеви контракции на инспираторните мускули следени од брзото затварање на гласилките, познато как икавица, всушност трае не подолго од неколку минути или најмногу неколку саати со спонтано повлекување и може да се јават кај сите луѓе без разлика на возраст. Во ретки патолошки случаи, икавицата може да тра повеќе од еден или два дена (хронична/перзистентна икавица). Повремените епизоди во тек на подолг период исто така спаѓаат во хронична икавица. Клиничките последици од овие епизоди можат да вклучат дехидратација, губиток на телесната тежина и малнутриција поради потешкотии во јадењето, потешкотии во спиењето, депресија и исцрпеност.
Etiologija
Механизмот на настанување на икањето сеуште не разјаснат. Според експериментални податоци, веројатно тоа е координирано движење на вентилацијата мешајќи ја бронхијалната вентилација, вшмукувањата и издувните компоненти. Хроничната икавица во главно е нарушување на хранопроводот и желудникот. Други причини можат да се температура, лезии на мозокот/тумори, кардиоваскуларни нарушувања (миокарден инфаркт), слабост на бубрезите, метаболен дисбаланс, стимулација на периферен нерв, или други повреди, лекови (хемотерапија, бензодијазепини, кортикостероиди, барбитурати, морфин и анестетици), и алкохол. Други тригер фактори вклучуваат поставување на медицински инструменти, одредена храна и пијалок, зачини и цигари. Има случаи каде икавица се јавува во склоп на хируршки зафат (плеврален, перитонеален или интракранијален).
Prognoza
bolest_prognoza
Diferencijalna dijagnoza
Икавицата е доста специфично и ретко може да се замени со некоја друга состојба.
Tretman
Опишани се многу третмани со различен успех. Во идеален случај, фокусот е на идентификација и третирање на основната причина, особено езофагеална. Во случаеви каде гастроезофагеалниот третман не дава резултат, вклучени се баклофен, хлорпромазин, карбамазепин, халоперидол, метоклопрамид, габапентин, агонист на серотонин, прокинетик, лидокаин, нифедипин, карведилол и марихуана. Алтернативната терапија вклучува хипноза и акупунктура. Блокада на френичен нерв е минимален бенефит бидејќи дава само делумно олеснување на сметка на респираторна инсуфициенција. Долготрајниот третман на честиот езофагеален предизвикувач може да биде многу корисен.
Dijagnostičke metode
Клиничката дијагноза е обично едноставна со оглед на природата на неволни грчеви. Имиџинг или лабораториски тестови за идентификација на основната причина треба примарно да бидат фокусирани на хранопроводот.
Antenatalna dijagnoza
---
Epidemiologija
Се смета дека ова нарушување афектира отприлика 1/100,000 поединци и ги погодува повеќе мажите отколку жените.
Genetsko savetovanje
---
Terapija
---
Klinička istraživanja
---
