Лимфангиолејомиоматоза
Definicija
Лимфангиолејомиоматоза (ЛАМ) е повеќекратна цистична болест на белите дробови која се карактеризира со прогресивно цистично уништување на белите дробови и лимфатични абнормалности, често поврзани со ренални ангиомиолипоми (АМЛ). ЛАМ се појавува или спорадично или како манифестација на туберозна склероза комплекс.
Пребарување
Pun naziv
Лимфангиолејомиоматоза
Kratki naziv
---
Sinonimi
ЛАМ
Orpha broj
538
Kategorija
Podkategorija
Naziv na stranom jeziku
---
Prevalenca
1-9 / 1 000 000
Nasleđivanje
Не е применливо
Period početka bolesti
---
ICD 10
D48.7
OMIM
606690
UMLS
C0751674
GARD
3319
MEDDRA
10049459
Tekstualni opis
Дефинирачки појави на оваа болест се респираторни потешкотии вклучувајќи прогресивна диспнеја, пневмоторакс и хилоторакс. ЛАМ може да доведе до хроничен респираторен застој. Заедничка екстра-пулмонална појава е висока инциденца на АМЛс, најчесто локализирани на бубрезите и обично асимтоматски (крварењата се ретки). Може да се забележат и хилоузни асцити, абдоминална и тораична лимфаденопатија и лимфаниолејомиоми. Симптомите може да се влошат за време на бременост. Симптомите на ТСЦ се присутни во ТСЦ-ЛАМ.
Etiologija
Спорадична ЛАМ се појавува поради соматични мутации во гените на туберозната склероза ТСЦ1 и ТСЦ2, кои ги енкодираат глацните сигнални протеини хамартин и туберин. Мутациите резултираат со прекумерна пролиферација на ЛАМ клетки. Во ТСЦ, се најдени гермлин мутации (мутации на матични клетки).
Prognoza
bolest_prognoza
Diferencijalna dijagnoza
Две главни диференцијални дијагнози се возрасна пулмонална хистоцитоза на Лангерхансови клетки и емфизем. Помалку чести диференцијални дијагнози се хиперсензитивен пневмонитис, болест на таложење на лесен ланец, Бирт-Хог - Дубе синдром и Сјогрен синдром.
Tretman
Контролата на опструкција на проток на воздук е од суштинско значење и 1/4 од пациентите реагираат на инхалаторни бронходилататори. Може да се изведе хемиска плевродеза на првиот пневмоторакс за да се превенира зголемен ризик од повторувачки пневмоторакс. Често е потребна хируршка плевродеза за повтолив пневмо или хилоторакс. Единечна/двострана трансплантација на бели дробови се прави кога другите можности се неуспешни. Може да се користи мТОР инхибитор сиролимус во експерски центри за да се стабилизира или да се подобри пулмоналната функција во многу тешки случаи. Асимптоматски АМЛ со големина од 4 см, микроаневризми поголеми од 0,5 см или крварења треба да се третираат со селективна артеријална емболизација, сиролимус или операција за поштедување на нефроните. ЛАМ пациентите кои развиваат респираторни симптоми треба периодично да ја тестираат пулмоналната функција. Треба да се избегнува естрогенска терапија.
Dijagnostičke metode
Дијагнозата на ЛАМ може да е дефинитивна, можна или веројатна. За дефинитивна дијагноза, скен со компјутерска томографија со висока резолуција (ХРЦТ) треба да покажува повеќе од 10 цисти на белите дробови со дифузна дистрибуција. Потоа биопсија на бели дробови покажува цисти и абнормално незрели клетки како мазни мускули (ЛАМ клетки). Или пак, ХРЦТ скен покажува типични цисти на бели дробови и едно од следните појави: АМЛ во бубрезите, тораична или абдоминална хилуозна ефузија, лимфоандиолејомиом и дефинитивно или веројатно ТСЦ. Цистите на белите дробови се присутни заедно со клиничка историја на пневмоторакс или со ХРЦТ се покажува АМЛ на тораична или абдоминална хилуозна ефузија во можните ЛАМ. Специфично за ЛАМ е покачување на серумско ниво на васкуларен ендотелијален фактор за раст Д (ВЕГФ-Д) поголем од 800 милграми на литар, и тоа ја потврдува дијагнозата. ЛАМ се дијагностицира само кога се присутни карактеристични цисти на белите дробови. Ако ТСЦ е исто присутна тогаш се дијагностицира ТСЦ - ЛАМ.
Antenatalna dijagnoza
---
Epidemiologija
Спорадична ЛАМ влијае на 1 на 500 000 или 1 на 125000 возрасни жени во Европа. ТСЦ се јавува на 1 од 6000 новородени. Пулмонална ЛАМ се јавува кај 30-40% од случаите на ТСЦ. ЛАМ најчесто и скоро исклучиво погодува само жени.
Genetsko savetovanje
Спорадична ЛАМ не е наследна. Во ТСЦ-ЛАМ е тешко да се направи генетско советување поради големата варијабилност во клиничките појави.
Terapija
---
Klinička istraživanja
---