Рамос-Аројо синдром

Definicija

Рамос-Аројо синдром (РАС) е многу ретко генетско нарушување кое се карактеризира со корнеална анестезија, ретинални абнормалности, билатерален губиток на слух, изразено лице, патент дуктус артериозус, Хиршспрунг болест, низок раст и интелектуален инвалидитет.

Пребарување

Pun naziv

Рамос-Аројо синдром

Kratki naziv

---

Sinonimi

Синдром на корнеална анестезија-глувост-интелектуален инвалидитет

Orpha broj

1051

Kategorija

Podkategorija

Naziv na stranom jeziku

---

Prevalenca

---

Nasleđivanje

Автосомно доминантно

Period početka bolesti

---

ICD 10

Q87.8

OMIM

122430

UMLS

C2930866

GARD

---

MEDDRA

---
Tekstualni opis
Фенотипот на РАС е променлив. Некои погодени лица имаат само благи манифестации на болеста. Карактеристичните својства вклучуваат корнеална анестезија, опструкција на назолакрималниот канал, отсутен перипапиларен хориокапиларис и ретинален пигмент на епителот, лоша острина на видот и умерена до тешка сензориневрална глувост. Чести се застојот во развој и интелектуалниот инвалидитет. Исто така забележани се и патент дуктус артериозус, Хиршспрунг болест и низок раст. Погодените лица имаат изразен изглед на лицето односно широко лице, изразено чело, хипертелоризам, нагорни палпебрални фисури, конкавен назален гребен и недоразвиена средна линија на лицето. Кај доенчиња чести се проблемите со хранење и неуспех во напредок. Кај 2 случаи забележано е предизвикувачко однесување. Предложено е преклопување со група на болети позната како наследна сензорна и автономна невропатија (ХСАН).
Etiologija
Етиолгијата на овој синдром сѐ уште не е позната. Се сомнева дека мутациите од сѐ уште неидентификуван ген се вклучени со функцијата на нервниот систем.
Prognoza
bolest_prognoza
Diferencijalna dijagnoza
---
Tretman
---
Dijagnostičke metode
---
Antenatalna dijagnoza
---
Epidemiologija
Преваленцата и инциденцата се непознати. РАС е исклучително редок со само 6 случаи пријавени до денес.
Genetsko savetovanje
РАС следи автосомен доминантен шаблон на наследување, веројатно со променлива експресивност.
Terapija
---
Klinička istraživanja
---