Мултифокална атријална тахикардија

Definicija

Мултифокална атријална тахикардија е ретка суправентрикуларна аритмија кај новороденчиња и мали деца која се карактеризира со повеќебројни П бранови и е обично асимптоматска.

Пребарување

Pun naziv

Мултифокална атријална тахикардија

Kratki naziv

---

Sinonimi

МАТ Хаотична атријална тахикардија

Orpha broj

3282

Kategorija

Podkategorija

Naziv na stranom jeziku

---

Prevalenca

---

Nasleđivanje

Не е применливо

Period početka bolesti

---

ICD 10

I47.1

OMIM

---

UMLS

C0221158

GARD

1235

MEDDRA

---
Tekstualni opis
Болеста воглавно ги погодува новороденчињата (или оние помали од 6 месеци) со нормално срце и без друга скриена болест. Повеќето новороденчиња се асимптоматични, но кај некои може да се јават губење на здив, или респираторни болести. Поретко, нарушувањето може да се појави кај деца со срцеви малформации (како хипертрофична кардиомиопатија, тетралогија на Фалот, или дефект на атриовентрикуларен канал) или кај оние кои неодамна биле на операција на отворено срце. Многу ретко, мултифокална аријална тахикардија може да се поврзи со други клинички карактеристики и да биде дел од синдром, како што е Костело синдром каде што е поврзана со застој во раст, грубо лице, интелектуален инвалидитет и кожни аномалии.
Etiologija
Етиологијата е непозната
Prognoza
bolest_prognoza
Diferencijalna dijagnoza
Диференцијалната дијагноза вклучува повеќе видови на тахикардија (пр непостојана вентрикуларна тахикардија, пароксимална суправентрикуларна тахикардија (ПСВТ)).
Tretman
Ако вентрикуларната стапка е релативно нормална и новороденчето е симптоатско со нормална срцева функција, не е потребно лекување. Кардиоверзија е неуспешна заради фактот дека аритмијата се рестартира цело време. Бета-блокер е веројатниот избор на лек, и повремено се користи амиодарон кај некои пациенти со лоша вентрикуларна функција.
Dijagnostičke metode
Дијагнозата се поставува со површинси електрокардиограм; атријалната активност е полиморфична (барем 3 различни морфологии на П бранови со дискретна изоелектрична основна линија, и варијабилни ПП, РР, и ПР интервали), брза (атријалните стапки можат да се зголемат до 400 отчукувања во минута), и неправилна. Атриовентрикуларната спроводливост е варијабилна па така некои П бранови не се спроводени. Понекогаш се јавува проширување (аберанција) на QRS поврзано со стапката.
Antenatalna dijagnoza
---
Epidemiologija
Многу ретка состојба која се јавува кај 1 на 150,000 живородени.
Genetsko savetovanje
---
Terapija
---
Klinička istraživanja
---