Инфантилна системска хијалиноза

Definicija

Инфантилна системска хијалиноза (ИСХ) е ретко нарушување кое припаѓа на хетерогената група на генетски фиброматози и се карактеризира со прогресивни зглобни контрактури, кожни абнормалности, тешка хронична болка и распространето таложење на хијалински материјал во ткивата како што се кожата, скелетните мускули, срцевиот мускул, гастроинтестиналниот тракт, лимфните јазли, слезината, тироидната жлезда, и адреналните жлезди.

Пребарување

Pun naziv

Инфантилна системска хијалиноза

Kratki naziv

---

Sinonimi

---

Orpha broj

2176

Kategorija

Podkategorija

Naziv na stranom jeziku

---

Prevalenca

---

Nasleđivanje

Автосомно рецесивно

Period početka bolesti

---

ICD 10

E78.8

OMIM

228600

UMLS

---

GARD

6807

MEDDRA

---
Tekstualni opis
Клиничките крактеристики се воочливи или при раѓање или во првите 6 месеци од животот. Кај некои ИСХ пациенти се опишани интраматерична ретардација на раст и намалени фетални движења. Главните клинички карактеристики се болни и отечени зглобни контрактури, значајна неудобност во управување и редукција на спонтано движење. Кожните проблеми вклучуваат ослабена кожна еластичност, генерализирано задебелување на кожата со хиперпигментација на истакнатите места, мали бисерни папули (претежно на лице, скалп и врат), масивна гингивална хипертрофија, и месести нодули во перианалниот регион. Чести наоди се подлежност на инфекции и честа дијареа. Карактеристичен е и неуспехот во напредување. Често присутна е и остеопенија и резултира со зголемена подлежност на скршеници на коски. Децата со ИСХ се интелектуално нормални.
Etiologija
ИСХ е предизвикана од мутации во генот рецептор 2 за антракс токсин (АНТРХ2) на хромозомот 4q21. Мутациите во истиот ген предизвикуваат јувенилна хијалинска фиброматоза, слична но поблага болест.
Prognoza
bolest_prognoza
Diferencijalna dijagnoza
Јувенилна хијалинска фиброматоза, Винчестер синдром, липоидна протеиноза (Урбах-Вит болест) и мукополисахаридоза тип II (синдром на Хантер) треба да се земат предвид во диференцијалната дијагноза.
Tretman
Не постои специфично лекување за ИСХ. Физикалната терапија и нутритивна поддршка го подобруваат квалитетот на живот на пациентите.
Dijagnostičke metode
Дијагнозата е клиничка и може да биде понатамошно поддржана со хистолошки доказ на таложење на аморфозен хијалински материјал во кожата или слузокожата.
Antenatalna dijagnoza
---
Epidemiologija
Досега во литературата опишани се помалку од 20 случаи.
Genetsko savetovanje
ИСХ се пренесува автосомнo рецесивнo.
Terapija
---
Klinička istraživanja
---