Туберозна склероза комплекс

Definicija

Туберозна склероза комплекс (ТСК) е неврокутано нарушување кое се карактеризира со мултисистемски хамартоми и се поврзува со невропсихијатриски карактеристики.

Пребарување

Pun naziv

Туберозна склероза комплекс

Kratki naziv

---

Sinonimi

Борневил синдром Туберозна склероза

Orpha broj

805

Kategorija

Podkategorija

Naziv na stranom jeziku

---

Prevalenca

1-5 / 10 000

Nasleđivanje

Автосомно доминантно

Period početka bolesti

---

ICD 10

Q85.1

OMIM

191100  613254

UMLS

C0041341

GARD

7830

MEDDRA

10045138
Tekstualni opis
ТСК се карактеризира со мултисистемски хамартоми, најчесто на кожа, мозок, бубрези, бели дробови и срце, кои се појавуваат во различна возраст. Кожата вклучува: хипомеланотични макули (како лист) кои се појавуваат во првата година од животот; ангиофиброми кои се јавуваат на 3-4 годишна возраст како еритематозни и папулонодуларни лезии; унгуални фиброми; цефалични и лумбарни фирбозни пликови; и кожни лезии како конфети кои се појавуваат од детство до рано тинејџерство. Мозокот е погоден кај скоро сите случаи на ТСК, со присуство на различни неврпатолошки лезии, како кортико/субкортични тубери, радијални миграциски линии, субепендимални нодули, СЕГА. СЕГА може да предизвика хидроцефалус (ризик од раст поголем во првите 3 декади). Ран почеток на епилепсија (спазми кај новороденчиња и/или фокални напади) се појавува кај 85% од пациентите. Невропсихијатриски карактеристики кои може да се појават се: интелектуален дисабилитет, недостаток на внимание/хиперактивност, нарушувања во аутистичен спектар, само-повредување и опсесивно компулсивни тенденции. Ренални ангиомиолипоми се развиваат за време на детство со поголем ризик од раст за време на тинејџерство и зрело доба. Се манифестираат со болка, хематурија/ретоперитоенално крварење, абдоминални маси, хипертензија и ренален застој. Лимфангиолеиомиоматоза, мултифокална микронодуларна пневмоцитна хиперплазија и пулмонални цисти се развиваат за време на зрело доба и се манифестираат со диспнеја, пневмоторакс или хилоторакс. Срцев рабдомиомасе јавува во феталниот период и може да стане симптоматичен после раѓање или во рано детство. Дополнителни карактеристики се и лупење на емајлот на забите, интраорални фиброми и скелетни дисплазии.
Etiologija
ТСК се појавува поради мутација во TSC1 (9q34) и TSC2 (16p13.3) кои енкодираат протеини, што индиректно го инхибираат mTOR, а тој предизвикува диспропорционална активност на глутаматот што води до нарушена синаптичка пластичност. Експресивноста е варијабилна и е резултат на мозаицизмот и генетско -епигенетските модификатори.
Prognoza
bolest_prognoza
Diferencijalna dijagnoza
Диференцијалната дијагноза вклучува витилиго, ито хипомеланоза, срцев миксом, изолирани мозочни тумори, пулмонална емфизема, акни, кожни осипи.
Tretman
Лекувањето е мултидисциплинарно и вклучува употреба на вигабатрин (ГАБА трансаминаза инхибитор), ефективен кај спазми кај новороденчиња и рани епи напади. Еверолимус може да се користи за третман на СЕГА што не може да се оперира кај возрасни и деца и за третман на АМЛ кај возрасни.
Dijagnostičke metode
Дијагнозата се заснова на присуство на постоење на главни карактеристики како: кортикални дисплазии, субепендимални нодули, СЕГА, хипомеланотични макули (≥3, дијаметар ≥5 mm); шагринска кожа; ангиофиброма (≥3) или фиброзни цефалични пликови; повеќекратни ретинални хамартоми, унгуални фиброми (≥2); CR; LAM; AML (≥2)). Исто така и на споредни карактеристики како: дупки во забниот емајл (≥3); интраорални фиброми; кожни лезии како конфети; неренални хамартоми; мултипни ренални цисти; ретинални ахроматски крпеници. Дефинитивна дијагноза се дефинира како присуство на f ≥2 главни карактеристики или 1 главна и ≥2 споредни карактеристики. ТСК може да се дијагностицира со генетски скрининг без разлика на клиничките наоди.
Antenatalna dijagnoza
ЦР, кортикалните тубери и/или субепендималните лезии може да се откријат со магнетна резонанца. Пренатален генетски скрининг може да се направи кај семејства кои веќе имаат идентификувана мутација.
Epidemiologija
Преваленцата во Европа се проценува 1 на 25 000 или 1 на 11 300.
Genetsko savetovanje
Пренесувањето е автосомно доминантно и се препорачува генетско советување. Две третини од заболените имаат ТСК како резултат на нови патогени варијатни.
Terapija
---
Klinička istraživanja
---