Ботулизам од храна
Definicija
Ботулизам од храна е најчеста форма на ботулизам, ретко стекната болест на невромускулен спој, со опаѓачка мека парализа поради ботулински невротоксини (BoNTs). Предизвикана е од конзумација на контаминирана храна со (BoNTs).
Пребарување
Pun naziv
Ботулизам од храна
Kratki naziv
---
Sinonimi
Интоксикација со ботулизам
Orpha broj
228371
Kategorija
Podkategorija
Naziv na stranom jeziku
---
Prevalenca
Непознато
Nasleđivanje
---
Period početka bolesti
---
ICD 10
A05.1
OMIM
---
UMLS
C1739094
GARD
---
MEDDRA
---
Tekstualni opis
Симптомите се појавуваат кај возрасните и тоа воглавно од 12 до 36-48 часа (во тек на 6 часа до 15 дена), после внесување на контаминирана храна. Болеста се карактеризира со акутна или субакутна афебрилна симетрична кранијална парализа, која е проследена со симетрична опаѓачка мека моторна парализа. После невролошките знаци може да се појават и гастроинтестинални симптоми на гадење, болка во стомак, повраќање и дијареја. Во потешките форми, парализата го зафаќа вратот, рамената, и проксималните мускули, проследено со зафаќање на мускулите на горните дистални екстремитети, дијафрагмата и респираторните мускули, што може да доведе до респираторен компромис или застој. Сензорниот систем и интелектуалните функции остануваат непогодени. Брзината на почеток и сериозноста на болеста зависи од количината и типот на ботулинските невротоксини кои се внесени преку храната.
Etiologija
Болеста настанува поради конзумирање на домашна конзервирана храна (традиционална конзервирана храна, шунка, свински производи, зеленчук и други), што се контаминирани од БоНт- кои произведуваат Клостридија. Контаминацијата е резултат на растот и производството на токсинот во храната која има анаеробен медиум, пХ ≥4.5, мало количетво на сол и шеќер, и е чувана на температура ≥ 3°C. Од седумте типови на БоНТ (А до Г), типовите А, Б, Е и поретко Ф, се поврзани со ботулизам пренесен преку храна. Микроорганизмите кои се вмешани се Клостридиум Ботулинум, или многу ретко - невротоксигенски нишки на Ц бутирикум и Ц баратии. Внесените и апсорбирани БоНТс се дифузираат преку крвта и лимфниот систем и стигнуваат до невромсукулните спојки.
Prognoza
bolest_prognoza
Diferencijalna dijagnoza
Диференцијалната дијагноза на ботулизам пренесен преку храна вклучува мијастенија гравис, Жилиан Бареов синдром, Милер Фишер синдром, Ламбер-Итон синдром и дополнително, интестинален и ботулизам на рани.
Tretman
Антитоксичната терапија е ефективна ако се даде на почеток на симптомите. Мора да се даде во склоп на услугите во одделот за интензивна нега. Во Европа, моментално за возрасните има тривалентна формулација (анти А, Б, Е). Достапна е и хептавалентна (А до Г). Во САД има бивалентна (а, Б) и моновалентна (анти Е). Превенцијата се заснова на следење на добри практики за складирање на храна со цел да се уништат спорите, да се превенира геминација и/или производство на токисини. Брзо известување до здравствените власти за сомнителни случаи може да превенира понатамошна конзумација на контаминирана домашно-конзервирана или комерцијална конзервирана храна.
Dijagnostičke metode
Дијагнозата се заснова на клиничка слика во првата фаза, заедно со 2-5 дневна историја на исхрана од пациентот. Типични за ботулизам пренесување преку храна се внесување на сомнителна храна, отсуство на треска и можни гастроинтестинални симптоми. Потврда на дијагноза се прави со детекција на ботулински невротоксини во серум, столица, повраќаница, гстричен аспират и примероци од сомнителната храна. За потврдување на лабораториска дијагноза е задоволително откривањето на БоНТ -кои произведуваат Клостридија во култури на столица на пациентот кој презентира типична симптоматологија.
Antenatalna dijagnoza
---
Epidemiologija
Преваленцата не е позната. Годишната инциденца во Европа е 1 на 900 000 до 1 на 500 000. До денес, има пријавени околу 40 000 случаи во светот.
Genetsko savetovanje
---
Terapija
---
Klinička istraživanja
---