Гриселова болест

Definicija

Грисели синдромот (ГС) се карактеризира со сребрено сив сјај на косата и хипопигментација на кожата. Може да биде поврзан со невролошко оштетување (тип 1), имунодефициенција (тип 2) или пак да биде изолиран (тип 3). Забелешки: Имунодефициенција-состојба при која способноста на имуниот систем да се бори со заразни болести и карцином е компромитирана или целосно отсутна. Албинизам-вродено отсуство на пигмент во кожата, косата и очите.

Пребарување

Pun naziv

Гриселова болест

Kratki naziv

---

Sinonimi

Синдром на парцијален (делумен) албинизам-имунодефициенција Чедијак-Хигаши синдром Грисели-Пруниерас синдром

Orpha broj

381

Kategorija

Podkategorija

Naziv na stranom jeziku

---

Prevalenca

---

Nasleđivanje

Автосомно рецесивно

Period početka bolesti

---

ICD 10

E70.3

OMIM

214450  607624  609227

UMLS

---

GARD

10913

MEDDRA

---
Tekstualni opis
Покрај сребрениот сив сјај на косата и светло обоената кожа, кај пациентите со ГС тип 1 присутни е и' рана и психомоторна ретардација од потежок степен. Пациентите со ГС тип 2 покажуваат цитотоксичен дефект, со појава на неконтролиран синдром на активација на Т-лимфоцити и макрофаги, уште попознат како хемофагоцитен синдром: лимфните јазли и другите органи (вклучително и мозокот) се инфилтрираат со активирани Т-клетки и макрофаги кои ги фагоцитираат крвните клетки (познато како хемофагоцитоза). Пациентите со синдром Грисели тип 2 можат да да имаат невролошки симптоми заради инфилтрација на мозокот со активирани хематопоетски клетки (хемофагоцитен синдром).
Etiologija
ГС тип 1 е предизвикана од мутација во генот на миозин 5a (MYO5A) лоциран на хромозомот 15q21. Грисели синдромот тип 1 веројатно одговара на Елејалдеовиот синдром (види овој термин). ГС тип 2 е предизвикан од мутации во РАБ27А кодирачкиот ген. Гените на миозин-5а и РАБ27А се локализирани во истиот хромозомски регион 15q21 и кодираат протеини, кои се клучни ефектори на интрацелуларниот везикуларен транспорт. Миозин 5а го регулира транспортот во органелите, во меланоцитите и невроните, додека РАБ27А ги регулира егзоцитните патеки, особено егзоцитозата на цитотоксичната гранула. Цитотоксичниот дефект предизвикан од мутации на РАБ27А е одговорен за активирање на хемофагоцитниот синдром. ГС тип 3 се должи на мутации во МЛПХ, ген кој го кодира меланофилинот, кој формира протеински комплекс со РАБ27А и миозин 5a, на тој начин учествувајќи во транспортот на меланозмите во меланоцитите. Хипопигментацијата на кожата и косата е придружена со присуство на големи агрегати на пигмент во косата и насобирање на зрели меланозоми во меланоцитите.
Prognoza
bolest_prognoza
Diferencijalna dijagnoza
ГС се разликува од Чедиак-Хигаши синдромот (види овој термин) врз база на недостатокот на гигантски гранули во ГС гранулоцитите.
Tretman
Третманот кај ГС тип 1 е само симптоматски. Кај ГС тип 2, хемофагоцитниот синдром е често фатален, а единствениот лек е трансплантацијата на коскена срж.
Dijagnostičke metode
---
Antenatalna dijagnoza
Антенаталната дијагноза на ГС1 и 2 може да се изврши преку земање примероци од хорионските ресички со помош на секвенционирање на MYO5A или РАБ27А генот, соодветно.
Epidemiologija
Досега се регистрирани повеќе од 60 случаи.
Genetsko savetovanje
Синдром Грисели е автосомно рецесивно нарушување. Генетско советување може да се изврши.
Terapija
---
Klinička istraživanja
---