Реактивен артритис
Definicija
Реактивен артритис (РеА) е автоимуно заболување кое припаѓа во групата на серонегативни спондилоартропатии и се карактеризира со присуство на класична тријада на знаци од артритис, уретритис и коњуктивитис.
Пребарување
Pun naziv
Реактивен артритис
Kratki naziv
---
Sinonimi
Ентеричен полиартритис Ритерова болест Фисингер-Лерој-Ритер синдром Венеричен артритис Ритеров синдром Уртетричен артритис Фисингер-Леројова болест
Orpha broj
29207
Kategorija
Podkategorija
Naziv na stranom jeziku
---
Prevalenca
1-9 / 100 000
Nasleđivanje
Не се применува
Period početka bolesti
---
ICD 10
M02.3
OMIM
---
UMLS
C0035012 C0085435
GARD
5693
MEDDRA
10003267 10038294
Tekstualni opis
Постои голема варијабилност кога се појавува болеста, но најчесто е помеѓу 15 и 35 годишна возраст. РеА е ретка кај децата. Оваа болест обично се случува околу 1 до 3 недели после урогенитална или гастроинтестинална инфекција. Уринарните симптоми (полиурија и дисурија) се обично прва манифестација. Чести се наодите на инфекција на простатата кај машките и на грлото на матката, оваријалните туби и вагината кај жените. Артритисот се манифестира со болка, оток и осетливост на големите зглобови, генерално се појавува неколку недели или месеци после првичните симптоми. Обично зафаќа еден (колено) или повеќе големи зглобови (колена, скочни зглобови и палец на ногата). Тетивите и лигаментите блиску до зглобовите може да се воспалени, особено Ахиловата тетива и зглобовите во половината. Помалку чести се офталмолошки проблеми вклучувајќи коњуктивитис со еритема, печење, солзење и фотофобија. Додатни симптоми се исипи на луплива кожа на рацете и стапалата, промени на ноктите, дијареа, баланитис*, треска, губење на телесна тежина и улцери во устата. Кај повеќето пациенти, симптомите траат помеѓу 1 и 6 месеци. *баланитис - инфекција на главата на пенисот
Etiologija
РеА е типично предизвикана од Грам-негативни инфекции (Хламидија, Шигела, Салмонела и Јерсинија). Генеската предодредба (многу пациенти се позитивни на HLA-B27) придонесува кон патогенезата на оваа болест. Меѓутоа, сѐ уште останува да се одреди точниот механизам низ кој HLA-B27 придонесува за зголемениот ризик за РеА.
Prognoza
bolest_prognoza
Diferencijalna dijagnoza
Диференцијалната дијагноза треба да вклучи други форми на спондилоартропатија (анкилозирачки спондилитис, псоријатичен артритис, спондилоартропатија поврзана со инфламаторна цревна болест, спондилоартропатија со почеток во детството (види термини) и други недеференцирани спондилоартропатии.
Tretman
Лекувањето цели кон отстранување на основната инфекција (антибиотици) и намалување на болката и инфламацијата во зглобовите (аналгетици, стероиди и имуносупресивни лекови, како и одмор, заштита на зглобовите и посебни вежби).
Dijagnostičke metode
Дијагнозата се базира врз препознавање на клиничката тријада на знаци и крвни тестови кои откриваат позитивност на HLA-B27 (околу 75% од пациентите се HLA-B27 позитивни).
Antenatalna dijagnoza
---
Epidemiologija
Преваленцата се проценува на 1/30.000. Болеста е повеќе честа кај мажи и кај белата популација.
Genetsko savetovanje
---
Terapija
---
Klinička istraživanja
---
