Идиопатска ахалазија
Definicija
Идиопатска ахалазија (ИА) е примарно моторно заболување на хранопроводот кое се карактеризира со губење на перисталтика на хранопроводот и недоволна релаксација на долниот хранопроводен сфинктер (LES) при голтање.
Пребарување
Pun naziv
Идиопатска ахалазија
Kratki naziv
---
Sinonimi
Идиопатска ахалазија на хранопровод Примарна ахалазија Кардијална ахалазија
Orpha broj
930
Kategorija
Podkategorija
Naziv na stranom jeziku
---
Prevalenca
1-9 / 100 000
Nasleđivanje
Автосомно рецесивно или не се применува
Period početka bolesti
---
ICD 10
K22.0
OMIM
200400
UMLS
C0014848 C0859976
GARD
5708
MEDDRA
10036669
Tekstualni opis
ИА се карактеризира претежно со неможност за голтање на тврда храна и течности, блага регургитација која обично не реагира на лекување со инхибитори на протонска пумпа и болка во градите. Губење на тежина (обично помеѓу 5 и 10кг) се јавува кај повеќето, но не кај сите пациенти. Желудочната болка се случува кај 27%-42% од пациентите со ИА. Тие може почесто да боледуваат од автоимуна болест (дијабетес мелитус, хипотироидизам, Сјогренова болест, лупус еритематоза, види термини).
Etiologija
Иако точната етиологија сѐ уште не е позната, често се претпоставува дека е автоимуна, вирусна или невродегенеративна. Се опишуваат некои фамилијарни случаи, но реткоста на фамилијарно присуство на болеста не ја подржува хипотезата дека генетското наследување е важен етиолошки фактор. ИА се поврзува со вирусни инфекции и најдени се авто-противтела против миентеричниот плексус, врска која сѐ уште останува неразјаснета.
Prognoza
bolest_prognoza
Diferencijalna dijagnoza
Поради регургитацијата, мнозинството на пациенти се погрешно дијагностицирани со гастроезофагеален рефлукс. Диференцијална дијагноза кај пациент со дисфагија и регургитација вклучува болест на рефлукс, спазми на хранопровод, псевдоахалазија (поврзана со малигнитети), и еозинофиличен езофагитис (види термин).
Tretman
Иако ИА не може целосно да се излечи, се постигнуваат одлични резултати кај повеќе од 90% од пациентите. Моменталните медицински и хируршки методи на лекување (пневматична дилатација, хируршка миотомија, и фармаколошко лекување) целат кон намалување на притисокот во долниот сфинктер на хранопроводот и подобрување на празнењето на хранопроводот со помош на гравитација и хидростатски притисок од страна на задржаната храна и вода. Врз основа на годините, полот, желбата и медицинската стручност, како првична терапија се препорачува или постепена пневматска дилатација или лапароскопска хируршка миотомија заедно со парцијална фундупликација. Терапија со ботулински токсин е помалку ефективна од пневматска дилатација или хируршка миотомија и често се резервира за пациенти кои не се кандидати за претходно споменатите терапии.
Dijagnostičke metode
Недостаток на реакција со инхибитори на протонска пумпа кај пациенти кои првично се дијагностицирани со гастроезофагеален рефлукс претставува причина за сомневање за заболувања кои вклучуваат проблеми со движењето на езофагусот како ИА, посебно ако е присутна дисфагијата како симптом. Дијагнозата се основа врз историја на болеста, радиолошки наод (бариумски езофагограм), и тестирање на движењето на хранопроводот (езофагеална манометрија). За да се исклучи постоење на малигнитет, потребен е ендоскопскиот преглед на гастроезофагелниот спој и внатрешноста на желудникот. Нови дијагностички техники како високо резолуциска манометрија (HRM) може да помогнат во одредување на третманскиот одговор кај ахалазијата. Оваа техника ја одредува притисочната топографија на хранопроводот и идентификува 3 фенотипови на ахалазија (I-III) каде лекувањето е подобро со тип I и II во споредба со тип III.
Antenatalna dijagnoza
---
Epidemiologija
ИА е ретка болест со годишна зачестеност приближно помеѓу 1/200.000 до 1/59.000 и преваленцата се проценува околу 1/10.000. Не постои поголема склоност кон одреден пол, а највисоката зачестеност е помеѓу 30 и 60 годишна возраст. Постои сомневање за различни карактеристики помеѓу различни етнички групи.
Genetsko savetovanje
---
Terapija
---
Klinička istraživanja
---