Сандифер синдром
Definicija
Сандифер синдром е пароксизмално дистонично нарушување на движењето, кое се појавува во поврзување со гастро-езофагеален рефлукс, а кај некои случаи и со хијатална хернија.
Пребарување
Pun naziv
Сандифер синдром
Kratki naziv
---
Sinonimi
---
Orpha broj
71272
Kategorija
Podkategorija
Naziv na stranom jeziku
---
Prevalenca
Непознато
Nasleđivanje
Не е применливо
Period početka bolesti
---
ICD 10
---
OMIM
---
UMLS
C0338465
GARD
---
MEDDRA
10066142
Tekstualni opis
Почетокот обично настанува во доенечко доба или рано детство. Дистоничните движења се карактеризираат со абнормално држење на главата и вратот (тортиколис) и тешко виткање на 'рбетот. Епизодите обично траат помеѓу 1-3 минути и можат да настанат до 10 пати на ден, иако обично се поврзани со внес на храна. Пријавени се и повраќање, лошо хранење, анемија, епигастрична неудобност, хематемеза и абнормални движења на очите. Чест е и рефлуксниот езофагитис.
Etiologija
Дистоничните движења јасно се поврзани со гастро-езофагеалниот рефлукс, но патофизиолошкиот механизам сѐ уште не е јасно разбран. Неколку студии посочија дека дистоничното држење е патолошки рефлекс активиран како одговор на абдоминалната болка предизвикана од гастроезофагеалниот рефлукс и езофагитисот. Иако се добиени спротивставени резултати, некои автори предложија дека дистоничното држење овозможува олеснување на абдоминалната болка.
Prognoza
bolest_prognoza
Diferencijalna dijagnoza
Меѓутоа, во отсуство на јасни индикации на гастро-езофагеален рефлукс, често се случува да се погреши дијагнозата како инфантилни спазми, епилепсија или пароксизмална дистонија.
Tretman
Раната дијагноза на сндромот е од голема важност, затоа што ефективното лекување на гастро-езофагеалниот рефлукс (со фармаколошка терапија или хируршка интервенција) води до разрешување на нарушувањето на движење.
Dijagnostičke metode
Сандифер синдромот се дијагностицира на база на поврзувањето на гастро-езофагеалниот рефлукс со карактеристичното нарушување на движењето. Невролошкиот преглед обично е нормален.
Antenatalna dijagnoza
---
Epidemiologija
Преваленцата е непозната.
Genetsko savetovanje
---
Terapija
---
Klinička istraživanja
---