X-врзана сидеробластна анемија и атаксија

Definicija

X-врзана сидеробластна анемија и атаксија е ретка синдромска, наследна форма на сидеробластна анемија која се карактеризира со блага до умерена анемија (со хипохромија и микроцитоза) и ран почеток на непрогресивна или бавно прогресивна спиноцеребеларна атаксија.

Пребарување

Pun naziv

X-врзана сидеробластна анемија и атаксија

Kratki naziv

---

Sinonimi

XLSA-A_x000D_ Пагон-Бирд-Детер синдром X-врзана сидеробластна анемија со атаксија

Orpha broj

2802

Kategorija

Podkategorija

Naziv na stranom jeziku

---

Prevalenca

---

Nasleđivanje

Х-врзано рецесивно

Period početka bolesti

---

ICD 10

D64.0

OMIM

301310

UMLS

C1845028

GARD

668

MEDDRA

---
Tekstualni opis
XLSA-A обично се појавува пред 3 годишна возраст. Анемијата обично е асимптоматична. Кај машките деца, спиноцеребеларните симптоми се видливи во детството и може да вклучат појава на одложено одење, атаксија која е предоминантно на трупот, дисметрија и дисдиадохокинеза. Понекогаш се јавуваат и дизартрија и тремор. Атаксијата може да се подобри со тек на време, но во петтата до шесттата декада од животот се забележува благо влошување на одењето. Понекогаш се присутни знаци на горниот моторен неврон во нозете, како еквивокални или екстензорни плантарни реакции, брзи длабоки тетивни рефлекси и клонус на зглобот. Пријавени се и страбизам, како и блага попреченост при учење и депресија, но интелектуалните способности генерално се во нормални граници. Не се случува хепатично и системско преоптоварување со железо. Женските деца се клинички асимптоматични.
Etiologija
XLSA-A е предизвикана од мутации во ABCB7 генот (Xq13.3), кој енкодира митохондријална ATP-поврзувачка касета (ABC) на транспортер протеин, што игра улога во производство на хем и хомеостаза на железото. Мутацијата во овој ген ја менува достапноста на намалено железо и затоа ја нарушува биосинтезата на хем. Генот ABCB7 е високо експресиран во коскената срцевина и во церебелумот, што може да ја објасне атаксијата.
Prognoza
bolest_prognoza
Diferencijalna dijagnoza
Главната диференцијална дијагноза вклучува други форми/ причини на атаксија кои типично се јавуваат пред 3 годишна возраст, како што се атаксија - телангиектазија, спиноцеребеларна атаксија со инфантилен почеток, конгенитално нарушување на гликосилација и церебеларни малформации (Денди-Вокер малформација). Треба да се исклучат и атаксија со недостаток на витамин Е, Фридрих атаксија, атаксија - окуломоторна апраксија тип 1 и 2, и Х-врзана сидеробластна анемија, најчестата форма на конгенитална сидеробластна анемија (без атаксија).
Tretman
Не постои лек за оваа болест, а третманот е симптоматичен. Не треба да се лекува анемијата. Рана физикална терапија може да помогне за развивање на грубите моторни вештини. Фиксирањето на зглобовите со ортози и одачи може да помогне при движење. Тешкиот прибор за јадење е добар за промовирање на независни вештини кај децата. За децата со дизартрија се препорачува говорна терапија. Патерици или инвалидска количка може да се потребни за дел од пациентите.
Dijagnostičke metode
Дијагнозата се заснова на присуство на карактеристични невролошки и крвни наоди. Блага до умерена хипохромична, микроцитична анемија е присутна кај сите машки деца, и се покачени тоталниот еритроцит протопорфирин во целата крв и цинк еритроцит протопорфирин. Прегледот на коскената срцевина покажува присуство на зголемени складишта на железо со прстенести сидеробласти, а периферната крвна размаска покажува Папенхајмер тела. Во поголемиот дел од случаите со магнетна резонанца може да се види церебеларна атрофија / хипоплазија. Женските носители покажуваат хематолошки абнормалности. За потврда на дијагнозата се врши молекуларно генетско тестирање кое ја идентификува мутацијата во АВСВ7 генот.
Antenatalna dijagnoza
Пренатално тестирање е можно кај семејства со идентификувана мутација на АВСВ7 генот.
Epidemiologija
Преваленцата не е позната. Досега генетски се потврдени само 10 пациенти.
Genetsko savetovanje
XLSA-A се наследува Х-врзано рецесивно и можно е генетско советување. Машките кои ја наследуваат мутацијата од мајката ќе бидат погодени, додека женските кои ја наследуваат мутацијата од нивниот татко или мајка ќе бидат носители и клинички асимптоматични.
Terapija
---
Klinička istraživanja
---