Автосомна рецесивна спондилокостална дизостоза
Definicija
Автосомна рецесивна спондилокостална дизостоза е ретка состојба со променлива тежина поврзана со дефекти на пршлени и ребра и се карактеризира со краток врат со ограничено движење, крилести скапули, краток труп и низок раст со повеќекратни аномалии на пршлените во сите нивоа на 'рбетот.
Пребарување
Pun naziv
Автосомна рецесивна спондилокостална дизостоза
Kratki naziv
---
Sinonimi
Јарко-Левин синдром
Orpha broj
2311
Kategorija
Podkategorija
Naziv na stranom jeziku
---
Prevalenca
Непознато
Nasleđivanje
Автосомно рецесивно
Period početka bolesti
---
ICD 10
Q76.8
OMIM
277300 608681 609813 613686 616566
UMLS
C0265343 C2931020
GARD
6798
MEDDRA
---
Tekstualni opis
АРСД обично се дијагностицира во неонаталниот период. Главните скелетни малформации вклучуваат фузија на пршлените, хемивертебрае, и фузија на ребра со други малформации на ребра. Деформитетот на градниот кош и 'рбет (тешка сколиоза, кифосколиоза и лордоза) е природна последица на овие малформации и води до џуџест изглед. Доенчињата често имаат респираторна инсуфиенција и повторливи респираторни инфекции заради тоа што трупот е мал . Аномалиите на централниот нервен систем, генитоуринарниот тракт и срце (спина бифида, менингоцела, ренални и уретерални абнормалности, хипоспадии, комплексна конгенитална срцева болест, дефект на атријалниот септум, аномално белодробно венско враќање итн) се пријавени, но не се чести. Фацијалниот дисморфизам и интелекутуалниот дефицит се повремени карактеристики.
Etiologija
Досега идентификувани се 4 гени, ДЛЛ3 (19q13.2), МЕСП2 (15q26.1), ЛФНГ (7p22.3) and ХЕС7 (17p13.1), вклучени во Ноч сигналниот пат, но мутациите не се виновници за сите случаи.
Prognoza
bolest_prognoza
Diferencijalna dijagnoza
---
Tretman
Лекувањето вклучува интензивна медицинска нега, операција на коски и ортопедско лекување.
Dijagnostičke metode
Дијагнозата е клиничка и може да биде поддржана со ултрасонографија и радиографија на 'рбет.
Antenatalna dijagnoza
Пренатална дијагноза е можна со фетален ултразвук.
Epidemiologija
Инциденцата и преваленцата се непознати. Се смета дека болеста е почеста кај порториканското население.
Genetsko savetovanje
Болеста се наследува како автосомна рецесивна карактеристика.
Terapija
---
Klinička istraživanja
---