Автосомно рецесивна брахиолмија
Definicija
Брахиолмија, рецесивен тип, е форма на брахиолмија, група на ретки генетски скелетни нарушувања, што се карактеризира со низок раст и краток труп со платиспондилија и сколиоза. Непроѕирностите на рожницата и предвремените калцификации на ребрената 'рскавица се ретки синдромски компоненти. Може да се појави предвремен пубертетски развој.
Пребарување
Pun naziv
Автосомно рецесивна брахиолмија
Kratki naziv
---
Sinonimi
Брахиолмија, Хобек/Толедо тип
Orpha broj
448242
Kategorija
Podkategorija
Naziv na stranom jeziku
---
Prevalenca
---
Nasleđivanje
Автосомно рецесивно
Period početka bolesti
---
ICD 10
Q76.3
OMIM
271530 271630
UMLS
---
GARD
---
MEDDRA
---
Tekstualni opis
Пациентите со брахиолмија, рецесивен тип, генерално имаат нормални тежина и должина при раѓање. Платиспондилијата е присутна во рано детство, но пациентите бараат медицинска помош дури во доцно детство или ран пубертет како резултат на заостанат раст и краток труп. Радиографските карактеристики вклучуваат платиспондилија со правоаголни вертебрални тела и неравилни крајни плочи, широка илија, краток феморален врат и широки проксимални интерфалангеални зглобови. Лонгитудиналните стријации во феморалниот врат се ретко забележани. Опишани се предвремени калцификации на ребрената 'рскавица. Состојбата се опишува како релативно бенигна со исклучок на блага неспецифична болка во грбот и блага сколиоза која почнува во млада зрелост. Меѓутоа, пријавите за конечниот исход на мускулоскелетнен морбидитет се ограничени. Менталниот статус и лицето се пријавени за нормални. Некои пациенти пријавиле дека имаат непроѕирност на периферни пункции на рожницата пронајдени на преглед со слит лампа (поранешен Толедо тип).
Etiologija
Голем број на различни мутации во генот PAPSS2 (10q23.2-q23.3) се забележани кај погодените пациенти. PAPSS2 енкодира PAPS (3'фосфоаденосин 5'-фосфосулфат) синтаза 2. Пријавено е дека PAPSS2 мутациите предизвикуваат 2 други нарушувања: спондилоепиметафизеална дисплазија, PAPSS2 тип и спондилодисплазија и предвремен пубертетски развој пред откривањето на молекуларна база на брахиолмија, рецесивен тип (Хобек/Толедо тип).
Prognoza
bolest_prognoza
Diferencijalna dijagnoza
---
Tretman
---
Dijagnostičke metode
---
Antenatalna dijagnoza
---
Epidemiologija
Точната преваленца на оваа форма на брахиолмија е непозната. Пријавени се околу 20 случаи во различни етнички групи (Јапонија, Кореја, Турција), понекогаш поврзани со истокрвност. Меѓутоа, мнозинството пријавени досега се од турско потекло.
Genetsko savetovanje
Генетското советување треба да им биде понудено на погодените семејства на база на набљудуваниот автосомно рецесивен шаблон на наследување.
Terapija
---
Klinička istraživanja
---