Аденокарцином на хранопровод

Definicija

Аденокарцином на хранопровод (ЕАЦ) е подтип на рак на хранопровод (ЕЦ) кој ги погодува гландуларните клетки на долниот дел на хранопроводот на спојот со стомакот.

Пребарување

Pun naziv

Аденокарцином на хранопровод

Kratki naziv

---

Sinonimi

Езофагеален аденокарцином

Orpha broj

99976

Kategorija

Podkategorija

Naziv na stranom jeziku

---

Prevalenca

1-9 / 100 000

Nasleđivanje

Не е применливо

Period početka bolesti

---

ICD 10

C15.2  C15.5

OMIM

614266

UMLS

C0279628

GARD

---

MEDDRA

---
Tekstualni opis
Возраста на почеток е меѓу 50-60 години и е почест кај жените отколку кај мажите. ЕАЦ обично е асимптоматичен до напредна фаза на болеста со вообичаени симптоми како дисфагија и ненамерна загуба на тежина. Често има историја на хронична болест на гастроезофагеален рефлукс (ГЕРД). Кога симптомите се присутни значи дека напредува локално и може да е проширен преку слузницата на хранопроводот и ги зафаќа лимфните јазли, или пак други подалечни места.
Etiologija
Точната етиологија е непозната. Постои силна поврзаност меѓу ГЕРД и прекумерната дебелина. Нема специфична и позната генетска врска. Главниот патолошки прекурсор е Баретов хранопровод (БЕ), кој се карактеризира со метаплазија на слузницата на хранопроводот со променливи растојанија над стомакот, а се идентификува преку ендоскопија и патологија. Во позадина на БЕ настанува висок процент на случаи на ЕАЦ.
Prognoza
bolest_prognoza
Diferencijalna dijagnoza
Диференцијалните дијагнози вклучуваат идиопатска ахалазија, гастричен рак и бенигна структура на хранопроводот.
Tretman
Лекувањето може да биде со куративна намера кога болеста е ограничена на хранопроводот, па дури и кога се вклучени локалните јазли на примарниот тумор. Примарното лекување на ЕАЦ е хируршка ресекција, обично со трансторакална ресекција, а повремено и зарез на вратот. Кај селектирани случаи се прави трансхијатална езофагектомија (без отворање на градите). Кај пациенти дијагностицирани со рани ракови, особено пациенти кои се под надгледување за БЕ, употребата за ендоскопска операција, често во комбинација со радиофреквентна аблација (РФА) може да ја истисне потребата за отворена операција. Исто така се користи и хемотерапија или комбинација на хемотерапија со терапија со радиозрачење пред или после операција. Голем број на клинички испитувања го поддржуваат ова практикување, особено каде туморот е локално напреден, а ова е стандардот на грижа во Европа и Северна Америка. Хемотерапевтските лекови кои најчесто се користат во комбинација се епирубицин, цисплатин и 5-флуороурацил (познат како ЕЦФ). Капецитабин и оксалиплатин се помалку токсични агентки кои можат да се користат кај оние со срцеви и ренални проблеми. Кај пациенти кои не се соодветни за пристапи со операција, често користена алтернатива е радиотерапија со високи дози и хемотерапија. За палијативни пристапи, само-проширувачките метални стенти (СЕМС) можат да ја ублажат дисфагијата, а исто доаѓаат предвид и хемотерапија, терапија со радијација и ласерски пристапи.
Dijagnostičke metode
Ендоскопија и биопсија ја утврдуваат дијагнозата. За стејџинг, КТ скен на вратот, градите и абдоменот или КТ комбиниран со ПЕТ скен ќе го идентификуваат примарниот тумор во повеќето случаи како и било кое проширување до лимфните јазли и органи, како што се црниот дроб, белите дробови и коските. Ендоскопскиот ултразвук (ЕУС) исто така почесто се користи за стејџинг и е од посебна важност за раните ракови. Лапароскопија се користи кај селектирани случаи за понатамошен стејџинг.
Antenatalna dijagnoza
---
Epidemiologija
Има проценета годишна инциденца од 1/35,000.
Genetsko savetovanje
---
Terapija
---
Klinička istraživanja
---