Алвеоларна ехинококоза
Definicija
Алвеоларна ехинококоза (АЕ) е ретко паразитско нарушување што се појавува после голтање на јајца на Ехинококус мултилокуларис. АЕ се карактеризира со првичен асимптоматичен период на инкубација кој трае повеќе години, проследен со хроничен тек, кадешто клиничките манифестации вклучуваат епигастрична болка и жолтица.
Пребарување
Pun naziv
Алвеоларна ехинококоза
Kratki naziv
---
Sinonimi
Инфекција со ехинококус мултилокуларис
Orpha broj
284
Kategorija
Podkategorija
Naziv na stranom jeziku
---
Prevalenca
Непознато
Nasleđivanje
---
Period početka bolesti
---
ICD 10
B67.5 B67.6 B67.7
OMIM
---
UMLS
C0948954
GARD
---
MEDDRA
10053042
Tekstualni opis
Најчестата старосна група во Европа е 50-60 години. После асмптоматичен период од >10 години, паразитот воглавно го напаѓа црниот дроб и формира бавно растечки, мали везикули кои можат да се споредат со сунѓер. Како што се зголемува лезијата, така централниот дел може да постане некротичен и изгледа како псевдоциста. Клиничките манифестации вклучуваат епигастрична болка и жолтица, кои можат да бидат проследени со треска, анемија и губење на тежина. Напаѓањето на жолчните канали води до холангитис, портална хипертензија и билијарна цироза. Болеста може да прогресира до циротична фаза после долг латентен, асимптоматичен период. Екстрахепатичката манифестација како примарна болест е многу ретка (1%). Кај 13% од случаите се презентира како мултиорганска болест кадешто метацестодата го инфилтрира соседството на црниот дроб, и/или поставува метастази вклучувајќи ги белите дробови, слезината, коските и/или мозокот. Зафатеноста на бел дроб или мозок се карактеризира со диспнеја при вежбање/напор, дизартрија, хемипареза и парализа на кранијалните нерви.
Etiologija
АЕ настанува после голтање на јајца на паразитот Е. Мултилокуларис. Дивите карнивори, воглавно лисици, се најважните дефинитивни домаќини, но и домашните кучиња и мачки можат да служат како дефинитивни домаќини со јадење на инфицирани диви глодари. Луѓето се случани посредници-домаќини и се погодени од средната метацестодна фаза на паразитот.
Prognoza
bolest_prognoza
Diferencijalna dijagnoza
Диференцијалната дијагноза вклучува бенигни или малигни неоплазми, фокални лезии на црниот дроб и апцеси.
Tretman
Основата за лекување на АЕ останува мултидисциплинарно лекување кое се прави од страна на гастроентеролози, хирурзи, радиолози и паразитолози. Радикална операција се индицира ако лезијата може да биде отстранета со безбедни маргини. Долготрајното антипаразитско лекување со албендазол е задолжително. Превентивните мерки вклучуваат избегнување на контакт со измет од лисица, употреба на празиквантел-импрегнирани мамци, редовен третман на кучиња и мачки со празиквантел, како и миење на раце и подобрена хигиена.
Dijagnostičke metode
Дијагнозата на АЕ се базира на: типични лезии на органи откриени со имиџинг техники, како што е ултразвук (голема хепатичка маса со блиски области на внатрешна хипер- и хипоехогеност, и/или псевдоциста со голема област на централна некроза опколена со неправилен регион, сличен како прстен, на хиперехогеност што претставува фиброзно ткиво), КТ (неразликувачки цврсти тумори со централни некротични области, калцификации како плак (забен камен)) и МРИ; детекција на специфични серумски антитела со ЕЛИСА или со имунохроматографски тест; специфично обојување на метацестод во хисто- или имунохистопатологија; и детекција на нуклеинска киселина на Е. мултилокуларис во клинички примерок.
Antenatalna dijagnoza
---
Epidemiologija
Е. мултилокуларис е ендемски во северната хемисфера и централна Европа, а инциденцата во Европа е проценета на опсег меѓу 1/10,000,000-1/330,000. Црвените зони се во западните делови на Кина и Централна Азија. Луѓето со висок ризик се сопственици на кучиња, вклучувајќи и фармери или други кои имаат контакт со диви лисици или нивниот измет.
Genetsko savetovanje
---
Terapija
---
Klinička istraživanja
---