Анисакијаза
Definicija
Анисакијаза е зооноза која се пренесува преку риби и настанува поради проголтување на нематодни ларви кои се во третата фаза на развој и кои припаѓаат на родот Анисакис и се среќаваат кај рибите и полноглавците. После пробивањето во човечкиот гастроинтестинален тракт, паразитите може да предизвикаат гастроинтестинални акутни (се манифестира како абдоминална болка, дијареја, гадење и повраќање), хронични или ектопични или алергични реакции (уртикарија, ангиоедем и анафилактичен шок).
Пребарување
Pun naziv
Анисакијаза
Kratki naziv
---
Sinonimi
---
Orpha broj
1070
Kategorija
Podkategorija
Naziv na stranom jeziku
---
Prevalenca
---
Nasleđivanje
---
Period početka bolesti
---
ICD 10
B81.0
OMIM
---
UMLS
C0162576 C2711591
GARD
---
MEDDRA
10002533
Tekstualni opis
Анисакијаза може да се појави во различни форми кои зависат од локацијата и лезијата која е предизвикана од ларвата. Кај луминалната анисакијаза, ларвата останува во гастроинтестиналниот тракт без да се пробие во ткивото и предизвикува асимптоматска инфекција која може да се открие кога црвите ќе бидат отстранети (помеѓу 1 ден и 2 недели по голтањето) преку кашлање, повраќање или дефекација. Кај инвазивната анисакијаза, ларвите се пробиваат во гастроинтестиналната мукоза (многу ретко на ниво на грлото). Формата со акутен гастрит се карактеризира со гадење, повраќање, абдоминална болка, дијареја која се случува во текот на 1-7 часа после проголтувањето на загадената храна. Ако се погреши со дијагнозата, инфекцијата може да биде хронична, со повторувачка абдоминална болка, гадење и повраќање кое може да трае од неколку недели до неколку години. Симптомите на акутната интестинална форма се слични на гастричната форма и се манифестираат 5-7 дена после конзумирање. Хроничните интестинални симптоми вклучуваат губење на тежина, благо грчење, абдоминална болка и дијареја која трае со месеци или години. Миграцијата на ларвата до перитонеалната празнина или во органите (мигрантна ларва) може да предизвика симптоми поврзани со специфичниот орган. Во некои случаи, анисакијазата е придружена со алергиски одговор како уртикарија, ангиоедем и анафилактичен шок. Кај луѓе кои се изложени на Анисакис алергени за време на својата работа може да се имаат симптоми како астма, коњуктивитис и дерматитис.
Etiologija
Анисакијазата е предизвикана од проголтување на нематодни ларви од Анисакис видот кои се во третата фаза на развој, се среќаваат во органите или мускулите на рибите или полноглавците кои се јадат живи, недоволно зготвени, чадени или маринирани. Најчесто сретнати родови се Анисакис симплекс (во тесна смисла на зборот) и Анисакис пегрефи каде првиот род има поголема шанса за пробивање низ мускулите на рибата. Луѓето се случајни домаќини во животниот век и паразитите скоро никогаш не се развиваат во човечкиот гастроинтестинален тракт. Кај некои случаи на човечка инфецкија, пријавени се повеќе родови на Анисакис (Contracaecum, Pseudoterranova) или Raphidascarididae (Hysterothylacium, negligible) фамилии.
Prognoza
bolest_prognoza
Diferencijalna dijagnoza
---
Tretman
---
Dijagnostičke metode
---
Antenatalna dijagnoza
---
Epidemiologija
До денес се пријавени повеќе од 20.000 случаи на анисакијаза, а повеќе од 90% се среќаваат во Јапонија (2.000-3.000 случаи годишно). Остатокот се среќава во останатите пет континенти: Азија (Кореа), Европа (Холандија, Германија, Франција, Велика Британија, Шпанија и Италија), Америка (САД, Канада и Јужно-Америчките држави) и Нов Зеланд.
Genetsko savetovanje
---
Terapija
---
Klinička istraživanja
---
