Аргининосукцинска ацидурија

Definicija

Аргининосукцинска ацидурија (АСА) претставува пореметување на циклусот на метаболизмот на уреа кој најчесто се карактеризита со тешка неонатална форма која се манифестира со хиперамонемија пратена со повраќање, хипотермија, летаргија и лоша исхрана во првите неколку дена од животот, или во доцна форма (било која возраст вон новороденечкиот период) која се манифестира со стрес или епизодна хиперамонемија предизвикана со инфекција или, во некои случаи, абнормалности во однесувањето и/или потешкотии во учењето. Кај пациентите често се манифестира и дисфункција на црниот дроб.

Пребарување

Pun naziv

Аргининосукцинска ацидурија

Kratki naziv

---

Sinonimi

АСА дефицит Аргининосукцинателијаза дефицит Дефицит на лијаза аргиниосукцинска киселина Аргининосукцински дефицит АСЛ дефициенција

Orpha broj

23

Kategorija

Podkategorija

Naziv na stranom jeziku

---

Prevalenca

---

Nasleđivanje

Автосомно рецесивно

Period početka bolesti

---

ICD 10

E72.2

OMIM

207900

UMLS

C0268547

GARD

5843

MEDDRA

10058299
Tekstualni opis
АСА може да има варијабилна клиничка слика со или почеток во неонаталниот период или со доцен почеток (во било која возраст надвор од новороденечкиот период). Новородените со тежок неонатален почеток на АСА обично немаат симптоми во првите 24-48 часа по раѓање но во тек на неколку дена се јавува тешка хипераминемија која се манифестира со летарфија, сомноленција, одбивање на храна, повраќање, тахипнеа и респираторна алкалоза. Доколку не се третира, може да дојде до влошување на симптомите како летаргија, епилептичен (ЕПИ) напад, кома па дури и смрт. Доцниот почеток на АСА обично е предизвикан од акутна инфекција, стрес или зголемен внес на протеини. Исто така забележана е и појава на когнитивно оштетување или потешкотии во учењето во отсуство на хиперамонемични епзоди. Некои од пациентите можат да не манифестираат симптоми. Долгорочните компликации поврзани со двата облика на АСА вклучуваат хронична хепатомегалија (зголемување на црниот дроб), дисфункција на црниот дроб како фиброза или цироза, неврокогнитивни дефицити како когнитивно оштетување, епи- напади и задоцнување во развојот, потоа кршливост на коса како trichorrhexis nodosa (трихорексис нодоза), хипокалемија и артериска хипертензија.
Etiologija
АСА е предизвикана од мутации во АСЛ генот кој се наоѓа на хромозом (7q11.21) кој го кодира ензимот аргининосукцинат лиаза. Овој ензим ја катализира конверзијата на аргиниосукцинската киселина во аргинин и фумарат во тек на четвртиот чекор од циклусот на уреа. Дефектите што настануваат во овој чекор од циклусот на уреа, доведуваат до акумулација на амонијакот во плазмата, аргининосукцинската киселина, цитрулинот и уринарна оротна киселина, како и до недостаток на аргинин во плазмата.
Prognoza
bolest_prognoza
Diferencijalna dijagnoza
Диференцијалната дијагноза вклучува други пореметувања на циклусот на уреа како што се царбамол-фосфат синтетаза 1 дефицит, орнитин транскарбамилаза дефицит, дефицит на цитрулинемија тип 1 како и дефицит на аргиназа.
Tretman
Во тек на акутната хиперамонемична епизода треба да се избегнува оралниот внес на протеини, и интравенозно липиди, глукоза и инсулин (ако е потребно) треба да се дадат за да се поттикне анаболизмот. Интравенската терапија за редукција на азотни материи (со натриум бензоат и/или натриум фенилацетат) треба да го нормализира нивото на амонијак но доколку не се успее во тоа, се препорачува хемодијализа. Долготрајното лекување вклучува и ограничување на исхраната со протеини, како и воведување на суплемент аргинин. Кај оние со чести епизоди на метаболна декомпензација или со хиперамонемија дури и кога се работи за диета со ограничен внес на протеини, дневната орална терапија со нитроген може да биде успешна. Ортотописката трансплантација на црниот дроб, нуди долгорочно олеснување на хиперамонемијата но нема доволно влијание на невролошките компликации. Артериската хипертензија може да се третира со надокнада на дефицитот на азотниот оксид.
Dijagnostičke metode
Дијагнозата се базира главно на клиничката слика и резултатите од лабораториските испитувања. Концентрација на амонијак во плазмата (> 150 µmol / L) и цитрулинот (200-300 µmol / L) се покачени. Покачените нивоа на аргининоцукцинската киселина (5-110 µmol / L) во плазмата или урината се од дијагностичка вредност. Молекуларното генетско тестирање ја потврдува дијагнозата. Во САД и делови од Австралија достапен е и скрининг за АСА кај новородени, а исто така се разгледува како опција и во неколку Европски држави.
Antenatalna dijagnoza
Пренатална дијагноза е можна кај фамилии кај кои постои оваа болест и се знае мутацијата на двата алела.
Epidemiologija
Преваленцијата на АСА во САД и Европа е проценета на 1 / 218,750 живородени.
Genetsko savetovanje
АСА се наследува Автосомно рецесивно и се препорачува генетско советување.
Terapija
---
Klinička istraživanja
---