Беснило

Definicija

Беснило е вирална зооноза која води до фатална енцефалопатија ако не се третира.

Пребарување

Pun naziv

Беснило

Kratki naziv

---

Sinonimi

---

Orpha broj

770

Kategorija

Podkategorija

Naziv na stranom jeziku

---

Prevalenca

1-9 / 1 000 000

Nasleđivanje

Не е применливо

Period početka bolesti

---

ICD 10

A82.0  A82.1  A82.9

OMIM

---

UMLS

C0034494

GARD

---

MEDDRA

10037742
Tekstualni opis
Еволуцијата на беснилото следи три чекори. После контакт (касање) од инфицирано животно, инкубацијата трае од 20 до 90 дена додека пациентот останува асимптоматски. Траењето варира во зависност од квантитетот и локацијата на инокулирање. Во многу ретки случаи може да се продолжи и до неколку години. Втората фаза, продромалниот период, трае од 2 до 10 дена и се карактеризира со парестезија или болка на местото на инокулација. Други неспецифични симптоми кои може да се случат се нелагодност, анорексија, главоболки, треска, висока температура, дијареја, фарингитис, повраќање, мачнина, анксиозност, вознемиреност, несоница и депресија. Третата фаза е најспецифична и се вика акутен невролошки период. Поврзана е со чиста вклученост на централниот нервен систем и трае од 2 до 7 дена. Може да се појави во два типа: фуриозно беснило или парализирачко беснило. Во првиот случај пациентите покажуваат вознемиреност, хиперактивност, немир, касање, збунетост, растурање и кршење, или халуцинации. Хидрофобија и аерофобија се патогномонични за беснило и се случуваат кај 50 % од пацентите. После часови или денови овие знаци се појавуваат и на помалку од 5 минути, меѓу кои има фази на смиреност и луцидност. Може да се случат и епи напади. Терминалната еволуција на оваа фаза е кардиореспираторен удар или парализа. Во вториот случај, кој се нарекува и апатетично беснило, парализата се случува од почеткот на висока температура, главболка и нухална ригидност. Во двата слуачи, крајната еволуција е кома и смрт ако не се третира болеста навремено.
Etiologija
Беснилото е предизвикано од инфекција со вирус од родот Лисавирус. Инфекцијата се случува воглавно после касање од бесно куче или преку контакт од оштетена кожа или мукозна мембрана со инфицирана плунка, ЦНС ткиво или аеросолни секреции од инфицирани животни. Лисавирусите се невротропични вируси кои го избегнуваат имуниот систем со тоа што се вовлекуваат во периферниот нервен завршеток. Периодот на инкубација зависи од времето потребно за инвазија на централниот нервен систем.
Prognoza
bolest_prognoza
Diferencijalna dijagnoza
Главната диференцијална дијагноза е тетанус, но и други типови на ецефаломиелитис и невропалудизам.
Tretman
За ситуации пред или после изложеност на беснило се етаблирани стандардни вакцинациски процедури. Во случај на изложеност, треба да се направат брзо миење, антисепса и администрација на вакцина поврзано со протокол за серотерапија кој се состои од инјекција со имуноглобулин во местото на инокулација. Секоја инфекција мора да се пријави.
Dijagnostičke metode
Дијагнозата се заснова на клинички преглед, рани знаци како парестезија или болка на местото на инокулација, и цврсто се потпира на ПЦР детекција или вирална РНА во плунката, цереброспиналната течност или во биопсија од нухална кожа, потоа крв или ЦСФ серолошки анализи.
Antenatalna dijagnoza
---
Epidemiologija
Епидемиологијата зависи од контролното ниво на патогенот и животинските вектори, така што беснилото е најчесто во земјите во развој и помалку често во развиените земји. Светската здравствена организација проценува дека околу 50 000 лица умираат секоја година од беснило.
Genetsko savetovanje
---
Terapija
---
Klinička istraživanja
---