Блум синдром
Definicija
Блум синдром е редок синдром на хромозомално прекинување (кинење) кој се карактеризира со генетска нестабилност, поврзана со пренатална и постанатална ретардација на раст, телеангиектатичен еритем на лицето кој е чувствителен на сонце, зголемена подложност на инфекции и предиспозиција за рак.
Пребарување
Pun naziv
Блум синдром
Kratki naziv
---
Sinonimi
БСин
Orpha broj
125
Kategorija
Podkategorija
Naziv na stranom jeziku
---
Prevalenca
Непознато
Nasleđivanje
Автосомно рецесивно
Period početka bolesti
---
ICD 10
Q82.2
OMIM
210900
UMLS
C0005859
GARD
915
MEDDRA
---
Tekstualni opis
Луѓето со БСин покажуваат пропорционална ретардација на растот со пренатален почеток и се ниски (просечна возрасна висина од 150см). Респираторните и гастроинтестиналните инфекции со варијабилна сериозност често се случуваат за време на детството и се поврзани со варијабилна имунодефициенција. Гастроезофагеалниот рефлукс со трахеална аспирација, кој е чест кај доенчиња, може да придонесе кон респираторни инфекции. Телангиектатичниот еритем се појавува во првите 1-2 години од животот на лицето (најчесто на образите) и на дорзумот на рацете. Една од главните карактеристики на БСин е многу зголемена предиспозиција за ракови, со дистрибуција која е соодветна на генералната популација, но се случува на многу помлада возраст. Најчести малигнитети се леукемии и лимфоми во детство и тинејџерство и различни типови на аденокарциноми во зрела возраст (дебело црево, хранопровод, дојки). Ретки тумори како Вилмс тумор и остеосарком, може да се појават во детството. Неколку лица имале повеќе од еден примарен тумор. Други карактеристики се слаба исхрана во доенечка возраст, исклучително ретко субукутано адипозно ткиво што води до истрошен изглед. Може да се забележат долихоцефалија, тесно лице, испакнат нос и уши, маларна и мандибуларна хипоплазија. Дополнително се појавуваат и пликови и крварење од усните, крпести области со хипер и хипопигментација, неплодност кај мажите, и прерана менопауза. Намалено внимание и фокус и намалена мемориска функција водат до недостаток на интерес за учење, но не е присутен интелектуален дисабилитет. Може да се појават и окуларни аномалии како конјуктивитис и билатерална хипоплазија на оптичкиот нерв.
Etiologija
Бсин настанува поради мутации во генот BLM (15q26.1), кој енкодира ДНК хеликаза RecQl3, ензим вклучен во одржување на геномски интегритет. Таквите мутации водат до спонтано високо ниво на сестрински хроматидни размени поради забавување на брзината на реплицирање и дефективна реактивација на вилушката.
Prognoza
bolest_prognoza
Diferencijalna dijagnoza
Диференцијаланта дијагноза вклучува Силвер-Расел синдром, Ротмунд-Томсон синдром, атаксија - телангиектазија, Кокејн синдром, и Нијмеген синдром на кршење.
Tretman
Третманот е симптоматичен. Антибиотиците се користат за третирање на инфекциите. Ако серумските нивоа на имуноглобулини се ниски, пациентите треба да примат замена. Треба да се избегнува изложување на сонце. Раните контроли се суштински за да се следи ракот. Поради хиперсензитивност на пациентите на ДНК агенси за разбивање, радиотерапија и хемотерапија се даваат со намалена доза и/или со намалено траење на времето на терапијата.
Dijagnostičke metode
Клиничката дијагноза се потврдува цитогенетски со покажување на 10 пати зголемена стапка на размени на сестрински хроматиди во БСин клетките, споредено со нормалните клетки, и четворорадијална конфигурација на хроматидна меѓусебна размена во лимфоцитите во крвта. Дијагнозата може да се потврди и со молекуларно генетско тестирање.
Antenatalna dijagnoza
Пренатална дијагноза е можна за бремености во ризик со цитогенетско или молекуларно генетско тестирање на фетални клетки кои се добиваат со ЦВС процедура или амниоцентеза.
Epidemiologija
Вкупната преваленца не е позната, но се проценува дека кај Ашкенази евреите се јавува на 1 на 48 000 раѓања.
Genetsko savetovanje
Пренесувањето е автосомно рецесивно. Ризикот да се случи повторно кај следно дете е 25%.
Terapija
---
Klinička istraživanja
---