Грануломатоза со полиангиитис
Definicija
Вегенер грануломатоза е некротизирачки васкулитис на малите садови, што се карактеризира со поврзувањето на воспаление на ѕидот на садовите и пери- и екстраваскуларна грануломатоза.
Пребарување
Pun naziv
Грануломатоза со полиангиитис
Kratki naziv
---
Sinonimi
ГПА Вегенер грануломатоза
Orpha broj
900
Kategorija
Podkategorija
Naziv na stranom jeziku
---
Prevalenca
1-9 / 100 000
Nasleđivanje
Не е применливо
Period početka bolesti
---
ICD 10
M31.3
OMIM
608710
UMLS
C0043092 C3495801
GARD
7880
MEDDRA
10047888
Tekstualni opis
И двата пола се подеднакво погодени. Просечната возраст на почеток е 45 години, но има опишани форми и кај многу постари испитаници и деца. Во нејзината целосна форма, болеста клинички се карактеризира со манифестации на уво, нос и грло кај 70 до 100% од пациентите (неминлива назална опструкција, синуситис, хеморагичен и/или ринитис со формирање на кора, тежок отитис медија, загуба на слух и/или деформитет на седлото на носот), пулмонална зафатеност (јазли, инфилтрација и алвеоларно крварење) и ренална болест (типично екстракапиларен некротизирачки гломерулонефритис). Општите знаци, како што се астенија, треска, артралгија, мијалгија и/или губење на тежина, се чести. Периферната невропатија (воглавно мултиневритис) е присутна кај 11-68% од пациентите и манифестациите на централниот нервен систем (главоболки, сензоримоторен дефицит, хемиплегија и епилепсија) се забележани кај 6-13% од случаите. Кожните лезии (пурпура, папули и чиреви) се најдени кај 10-50% од пациентите. Окуларните аномалии се чести (14-60% од случаите). Срцевото зафаќање е помалку често (помалку од 10% од пациентите) и е често асимптоматично.
Etiologija
Етиологијата е непозната.
Prognoza
bolest_prognoza
Diferencijalna dijagnoza
---
Tretman
Лекувањето на системските форми се потпира на кортикотерапија со интравенозна администрација на циклофосфамид, првично на секои две недели, па потоа на секои три недели додека пациентот не е во ремисија. Потоа се користи алтернативен имуносупресивен агент (азатиопирин или метотрексат) како одржувачка терапија. Биотерапиите (ритуксимаб, анти-ТНФ-алфа, абатацепт, итн) моментално се под истражување со ветувачки резултати.
Dijagnostičke metode
Дијагнозата се потпира на препознавање на клиничката слика и откривање на антинеутрофилни цитоплазматски антитела (АНЦА) во серумот, главно цАНЦА анти-ПР3. Биопсија на кожа или ткиво од носот, белите дробови или бубрези треба да овозможи потрврда на дијагнозата.
Antenatalna dijagnoza
---
Epidemiologija
Болеста е ретка, со преваленца проценета на меѓу 1/42,000 и 1/6,400 жители, а годишната инциденца варира меѓу 2 и 12 случаи на милион.
Genetsko savetovanje
---
Terapija
---
Klinička istraživanja
---