Денга треска
Definicija
Денга треска (ДФ), предизвикана од денга вирусот претставува арбовирусно заболување кое се карактеризира со неспецифичен фебрилен почеток, кој може да напредува во потешки форми кои се манифестираат со капиларно крварење (денга хеморагична треска или ДХФ) и шок (денга-шок синдром, или ДСС). Забелешки: Мијалгија-болка во мускулите. Артралгија-болка во зглобовите. Пруритис-јадеж. Петехии-мали црвени точки под кожата, кои се јавуваат како резултат на поткожно крварење, односно пукање на капилари. Тромбоцитпенија-намалување на бројот на тромбоцитите. Хеморагија-крварење. Хемокоцентрација-намалување на волуменот на плазмата, што предизвикува истовремено зголемување на концентрацијата на црвените крвни клетки и останатите крвни клетки. Епистакса-крварење од носот.
Пребарување
Pun naziv
Денга треска
Kratki naziv
---
Sinonimi
Денга вирусна инфекција ДФ
Orpha broj
99828
Kategorija
Podkategorija
Naziv na stranom jeziku
---
Prevalenca
1-9 / 100 000
Nasleđivanje
---
Period početka bolesti
---
ICD 10
A97.0 A97.1 A97.2 A97.9
OMIM
614371
UMLS
C0011311 C0019100 C0376300
GARD
6254
MEDDRA
10012310
Tekstualni opis
Мноштво на инфекции со денга вирусот резултираат во денга треска која се карактеризира со ненадејно појавување на треска, малаксаност, главоболка (класично ретроорбитална) и мијалгија/артралгија, која честопати следи набргу после петехијален осип, кој може да биде прифружен со пруритис. Кај повеќето случаи, симптомите се повлекуваат во рок од 7 дена, без дополнителни компликации. Меѓутоа, кај мал број на пациенти, краткиот период на пад на темепратурата е проследен со влошување на абдоминалните симптоми (болка, гадење, повраќање, дијареја), тромбоцитопенија, хеморагија (ДХФ: епистакса, крварење на непцата, гастроинтестинално крварење) и синдром на капиларно крварење (ДСС: хемоконцентрација, хипоалбуминемија, плеврален излив, шок). ДХФ/ДСС се забележува најчесто кај децата на возраст под 15 години. Ризикот е поголем кај секундарна хетерологна инфекција со еден од четирите серотипови на вирусот на денга, но може да се забележи болест од потежок степен уште при првата инфекција.
Etiologija
Над 25 различни вируси предизвикуваат вирусна хеморагична треска. Денга вирусот припаѓа на семејството Флавивириде, родот Флавивирус. Познати се четири различни серотипови, со значителна варијација во соевите. Денга вирусите се одржуваат кај луѓето и меѓу нив се пренесуваат преку убод од заразени комарци, најчесто едес египти, но и едес албопиктус. Пренесување од човек на човек не е пријавено.
Prognoza
bolest_prognoza
Diferencijalna dijagnoza
Денга треската тешко е да се разликува од низа други фебрилни заболувања како што се маларија и тифусна треска (видете ги овие термини), особено рано во текот на болеста пред да се појави осипот. За ДХФ/ДСС, потребно е да се исклучат други вирусни хеморагични трески, лептоспироза, инфекција со рикеции (видете ги овие термини) и менингококемија.
Tretman
Бидејќи во моментот нема антивирусен лек достапен за ДФ/ДХФ, третманот е супоративен, следејќи ги упатствата за третман на тешка септикемија. Мрежите за кревети премачкани со инсектицид, екраните во соба и елиминација на местата за развој на ларви, треба да се користат на отворено за да се спречи понатамошно пренесување.
Dijagnostičke metode
Вообичаени дијагностички модалитети вклучуваат серолошки тестирања со ензимско поврзано имуносорбентно испитување (ЕЛИСА) и реверзна транскрипција полимеразна верижна реакција (РТ-ПЦР). Изолацијата на вирусот може да се изврши и во специјализирани лаборатории. Виремичната фаза на ДФ/ДХФ е обично кратка (првите 3-5 дена од заболување), по што временското откривање на анти-денга-ИгМ антителата, кои се појавуваат уште 2-4 дена по почетокот на болеста е главната карактеристика. Бројни комерцијални проценки за ЕЛИСА се достапни со различни степени на сензитивност и специфичност.
Antenatalna dijagnoza
---
Epidemiologija
Денга треската се наоѓа во тропските предели ширум светот, особено во Југоисточна Азија, Пацифичкиот регион и во Америка, каде треба да се земе предвид дека 40% од глобалното население се под ризик. На годишно ниво се случуваат околу 50 до 100 милиони случаи на денга треска, 500 000 хоспитализации и 20 000 смртни случаи.
Genetsko savetovanje
---
Terapija
---
Klinička istraživanja
---