Дубовиц синдром

Definicija

Дубовиц синдром е редок повеќекратен конгенитален синдром карактеризиран со ретардација на раст, микроцефалија, препознатлив фасцијален дисморфизам, кожна егзема, благ до сериозен интелектуален дефицит и генитални абнормалности.

Пребарување

Pun naziv

Дубовиц синдром

Kratki naziv

---

Sinonimi

---

Orpha broj

235

Kategorija

Podkategorija

Naziv na stranom jeziku

---

Prevalenca

Непознато

Nasleđivanje

Автосомно рецесивно

Period početka bolesti

---

ICD 10

Q87.1

OMIM

223370

UMLS

C0175691

GARD

6290

MEDDRA

10059589
Tekstualni opis
Новородените често имаат голема телесна тежина и мала глава и мало тело. Лицето е карактеристично со тесна триангуларна глава и високо или ниско чело, рамен супраорбитален гребен, ретки латерални веѓи, кратки палпебрални фисури, блефарофимоза, птоза, абнормално моделирани уши, широк и рамен носен мост, микрогнатија и необична конфигурација на устата. Често е сумукозно расцепено непце. Други наоди вклучуваат кожна егзема, висок крештав или засипнат глас, хипоспадијаза и крипторихидизам. Скелетните абнормалности вклучуваат сакрално вдлабнување, клинодактилија, со кожна синдактилија на прсти на раце и нозе. Интелектуалниот дефицит е благ до среден. Понатаму има очни и дентални абнормалности, како хиперопија, катаракта, тапеторетинална дегенерација, страбизам или тауродонција, анодонција/хиподонција или хипердонција. Карактеристики во однесување може да вклучат хиперактивност со мал опсег на внимание и концентрација, импулсивност и срамежливост. Спектарот на манифестации на Дубовиц синдром може да има и хематолошки дефекти (апластична анемија), конгенитални срцеви дефекти, чести инфекции, хромозомска нестабилност и развој на ракови (акутна лиумфобластична леукемија или невробластом).
Etiologija
Етиологијата на Дубовиц синдромот не е разјаснета. Два гена се изолирани на различни случаи и вклучуваат NSUN2 и LIG4. Меѓутоа, поради големо фенотипско преклопување со други болести, постои недостаток на етиологија за Дубовиц синдромот.
Prognoza
bolest_prognoza
Diferencijalna dijagnoza
Диференцијалната дијагноза вклучува фетален алкохолен синдром, Блум синдром, LIG4 синдром и Фанкони анемија.
Tretman
Раст, говор, општ и интелектуален развој и генералното здравје треба да се набљудуваат редовно и да се третираат соодветно. Егзема и повторливи инфекции побаруваат конзервативен третман. Хируршки интервенции може да се неопходни за кардиоваскуларни, урогенитални, краниофасцијални или аномалии на екстремитетите. Препорачливо е набљудување на хематолошки и малигни заболувања.
Dijagnostičke metode
Дијагнозата се заснова на повеќекратни клинички манифестации и обично до неа не се доаѓа во рано детство.
Antenatalna dijagnoza
Пренатална ретардација на раст може да се забележи на ултразвук, но не води до точна пренатална дијагноза.
Epidemiologija
Вкупната преваленца во Европа е проценета на 1 на 500 000. До денес се опишани над 150 случаи.
Genetsko savetovanje
Кај некои семејства, Дубовиц синдромот се наследува автосомно рецесивно. Но, сега се претпоставува дека е синдром кој настанува поради микроделеција/микродупликација.
Terapija
---
Klinička istraživanja
---