Идиопатска јувенилна остеопороза
Definicija
Идиопатска јувенилна остеопороза (ИЈО) е примарна состојба на деминерализација на коските, што се јавува со болка во грбот и ектремитетите, потешкотии во одењето, повеќекратни скршеници и радиолошки доказ за остеопороза.
Пребарување
Pun naziv
Идиопатска јувенилна остеопороза
Kratki naziv
---
Sinonimi
Јувенилна остеопороза ИЈО
Orpha broj
85193
Kategorija
Podkategorija
Naziv na stranom jeziku
---
Prevalenca
Непознато
Nasleđivanje
Мултигенетско/мултифакторијално или Не е применливо
Period početka bolesti
---
ICD 10
M81.5
OMIM
259750 615221
UMLS
C0264080
GARD
6760
MEDDRA
---
Tekstualni opis
Почетокот се појавува во периодот пред пубертетот, помеѓу 8 и 12 години. Првиот знак на ИЈО е обично болка во долниот дел на грбот, колкови и стапала. Исто така може да бидат присутни и болка во колената и глуждовите, кифоза, губиток на висина и потонати гради. Чести се ниска минерална густина на коските, 'рбетен колапс и метафизеални компресиски фрактури на долгите коски.
Etiologija
Етиологијата на ИЈО останува непозната.
Prognoza
bolest_prognoza
Diferencijalna dijagnoza
Главната диференцијална дијагноза е остеогенезис имперфекта.
Tretman
Лекувањето цели кон заштита од кршење на 'рбетот и другите коски . Задолжителни се физикална терапија и вежби (да се избегнуваат активности со тежини) и други поддржувачки мерки. Не постои утврдена стратегија на лекување. Третманите со калциум и/или витамин Д, флуорид, калцитонин и бифосфонати (кај потешки, подолготрајни случаи) немаат докажана ефикасност, но се користат.
Dijagnostičke metode
Дијагнозата се базира на клиничка презентација, рентген на скелет и тестови на коскена густина (двоенергетска апсорпциометрија на рентгенски зраци, двојна фотонска апсорпциометрија и квантитативна компјутерска томографија).
Antenatalna dijagnoza
---
Epidemiologija
Точната преваленца е непозната, но во литературата досега се пријавени неколку стотици случаи.
Genetsko savetovanje
---
Terapija
---
Klinička istraživanja
---