Конгенитална амегакариоцитна тромбоцитопенија
Definicija
Конгенитална амегакариоцитна тромбоцитопенија (КАМТ) е ретка наследна болеста на коскената срж која се карактеризира со изолирано и сериозно намалување на бројот на тромбоцити и мегакариоцити кое се случува во првите неколку години од животот и се равива во целосно откажување на коскената срж и панцитопенија во подоцнежното детство.
Пребарување
Pun naziv
Конгенитална амегакариоцитна тромбоцитопенија
Kratki naziv
---
Sinonimi
Конгеитална амегакариоцитна тромбоцитопенична пурпура КАМТ
Orpha broj
3319
Kategorija
Podkategorija
Naziv na stranom jeziku
---
Prevalenca
Непозната
Nasleđivanje
Автосомно рецесивно
Period početka bolesti
---
ICD 10
D61.0
OMIM
604498
UMLS
C1327915
GARD
640
MEDDRA
---
Tekstualni opis
КАМТ се манифестира за време на раѓањето, обично за време на првиот ден или во тек на првиот месец од животот, со појава на петехии, пурпура, и крварење во гастроинтестиналниот, белодробниот и интракранијален систем поради изолираната тромбоцитопенија и отсуство на мегакариоцити во коскената срж. Два типа на КАМТ се идентификувани. Тип 1 КАМТ е сериозна форма на ова заболување и се карактеризира со постојано ниски тромбоцити и рано влошување (обично до 2 години од животот) кое вклучува аплазија на коскената срж и панцитопенија. Тип 2 КАМТ е поблага форма на болеста која за време на првата година од животот се прикажува како привремено зголемување на бројот на тромбоцити над 50 на 109/литар и подоцна (помеѓу 3-6 години) нема развој на панцитопенија. Понекогаш се забележуваат дефекти во срцето (дефекти во атријалниот и вентрикуларниот септум (види термини), абнормалности во централниот нервен систем (хипоплазија на големиот и малиот мозок), и успорување на психосоцијалниот развој.
Etiologija
КАМТ настанува поради мутација во mPL генот (1p34) кој носи информации за тробопоетичниот (ТПО) рецептор (c-MPL), кој се среќава во плурипотентните хематопоетски стем клетки и од клетките од мегакариоцитна лоза. Врзување на ТПО со c-MPL го стимулира производството на тромбоцити и мегакариоцити. Различни видови на мутација се поврзани со различни фенотипски презентации. Се претпоставува дека безсмислени мутации резултираат со целосен губиток на функцијата на ТПО рецепторот кој води кон КАМТ тип 1, а смислени мутации водат до зачувување на дел од функцијата на рецепторот и се поврзува со КАМТ тип 2. Случаи без дефекти во MPL генот се ословуваат како тип 3 КАМТ. Неодамна е пријавена делеција на 21q22 која резултира со RUNX1 хаплоинсуфициенција која резултира со КАМТ заболување и додатни аномалии (успорување на растот, дефицит во слухот, хернија и проблеми со хранењето).
Prognoza
bolest_prognoza
Diferencijalna dijagnoza
Почетната презентација на КАМТ со изолирана тромбоцитопенија може да биде погрешно дијагностицирана како идиопатска тромбоцитопенична пурпура (ИТП), а подоцнежната фаза на панцитопенија не може да се разликува од апластична анемија (види термин). Треба да се исклучи присуство на фанкони анемија, синдром на тромбоцитопенија-недостиг на радиус (ТНР) и Вискот-Алдрич синдром (ВАС) (види термини).
Tretman
Лекувањето е палијативно и главно се состои од повеќебројни тромбоцитни трансфузии. За сега, единствена терапја кое може да ја изглекува болеста е трансплатација на хематопоетски стем клетки.
Dijagnostičke metode
Дијагнозата се основа на клинички знаци, присуство на тромбоцитопенија на крвните анализи) број на тромбоцити под 50х109/литар) со нормален волумен на тромбоцитите и високо покачено ниво на серумски ТПО. Аспират од коскената срцевина покажува недостиг или само неколку мегакариоцити. Генетското тестирање може да ја потврди дијагнозата.
Antenatalna dijagnoza
Пренаталната дијагноза е можна кај фамилии кои имаат идентификувана мутација за оваа болест.
Epidemiologija
Точната преваленција не е позната и помалку од 100 случаи се опишани во литературата. Дополнително, инциденцијата може да се потцени поради тежината и неконзистентно дијагностицирање на заболувањето.
Genetsko savetovanje
Наследувањето е по автосомно рецесивен пат.
Terapija
---
Klinička istraživanja
---