Кримско – Конго хеморагична треска

Definicija

Кримско - Конго хеморагична треска (ЦЦХФ) е крлежна зоонотска болест предизвикана од ЦЦХФ вирус и се карактеризира со почетна висока температура, главоболка и малаксаност, проследени со гастроинтестинални симптоми и во сериозно тешки случаи има крварење, шок, и мултисистемско распаѓање на организмот.

Пребарување

Pun naziv

Кримско - Конго хеморагична треска

Kratki naziv

---

Sinonimi

Конго треска Конго хеморагична треска_x000D_ CCHF_x000D_ / ЦЦХФ Кримска хеморагична треска

Orpha broj

99827

Kategorija

Podkategorija

Naziv na stranom jeziku

---

Prevalenca

Непознато

Nasleđivanje

---

Period početka bolesti

---

ICD 10

A98.0

OMIM

---

UMLS

C0019099

GARD

---

MEDDRA

---
Tekstualni opis
Периодот на инкубација е типично 3-7 дена од изложувањето на животни и 1-3 дена од каснување од крлеж. Пациентите обично имаат појава на неспецифични знаци и симптоми како висока температура, малаксаност, главоболка, болка во градите, и мијалгија/артралгија, проследени доста брзо со гастроинтестинални симптоми (дијареја, мачнина, повраќање) и во некои случаи се јавува и осип. Сериозно тешките случаи развиваат и крварење (ехимоза, субконјуткивално и гастроинтестинално крварење), невролошки симптоми (дезориентација, конвулзии, кома), шок, и мултисистемско распаѓање на организмот. Блага до средна леукопенија и тромбоцитопенија често се јавуваат при манифестација на болеста и се развива дисеминирана интраваскуларна коагулација, што се покажува со присуство на Д-димери.
Etiologija
Постојат преку 25 различни вируси кои предизвикуваат хеморагична треска. ЦЦХФ вирусот е член на вирусната фамилија Бунијавиридаи, род Наиовирус. Вирусот се одржува во природата во циклус помеѓу мали цицачи и крлежи, примарно од видот Хијалома. Крлежите шират ЦЦХФ и на домашните животни, но кај нив е минлива и асимптоматично виремична. Луѓето се инфицирани или од каснување од крлеж или од изложување на контаминирана крв или екскрети од резервоар на минливо виремични домашни животни. Фармерите, работниците во кланиците и ветеринарите се во ризик. Пренесувањето од човек на човек се случува преку директен контакт со крв или телесени течности од инфицирани лица.
Prognoza
bolest_prognoza
Diferencijalna dijagnoza
ЦЦХФ е тешко да се разликува од многу други фебрилни болести, барем рано во текот на болеста. Маларија, тифусна треска, лептоспироза, инфекција со рикеција, и други вирусни хеморагични трески и менингококемија треба да се исклучат.
Tretman
Пациентот треба да е изолиран и да се овозможат мерки за превенција од инфекција на други (штитници за лицето, хируршки маски, дупли ракавици, хируршка облека и престилки). Иако има малку контролирани податоци, нуклеозидниот аналог на лекот рибавирин се смета дека е ефикасен за ЦЦХФ. Инаку, третманот е следење на препораките за сериозно тешка септикемија. Антималарични лекови и широк спектар на антибиотици треба да се разгледаат при лекување додека не се потврди дијагнозата на ЦЦХФ. Лицата кои имаат незаштитен контакт со некој кој има ЦЦХФ треба да се следат и можеби и да им се даде третман со орален рибавирин заради нивната изложеност.
Dijagnostičke metode
Вообичаени дијагностички методи вклучуваат култура на клетки (ограничена на лаборатории со биобезбедност од четврто ниво), серолошко тестирање со ензимски поврзан имуносорбент (ЕЛИСА) или индиректно флуоресцентно антитело (ИФА) и обратна транскрипција на полимераза верижна реакција (РТ-ПЦР). Бидејќи не постојат комерцијални тестови, потребните тестови се прават само во неколку специјализирани лаборатории.
Antenatalna dijagnoza
---
Epidemiologija
ЦЦХФ е ендемичен во Африка, Балканот, Средниот Исток и западна Азија. Случаите се обично спорадични, иако некогаш се случуваат мали нозокомијални епидемии, кога не се следат практики за контрола на инфекцијата. Околу 500 случаи се пријавуваат секоја година во светот, иако недостига систематска контрола и надзор.
Genetsko savetovanje
---
Terapija
---
Klinička istraživanja
---