Леберова конгенитална амауроза
Definicija
Леберова конгенитална амауроза (ЛКА) е ретинална дистрофија која се дефинира со слепило и одговор на ниска (под праг) електрофизиолошка стимулација (Ганцфелд електроретинограм) и се поврзува со сериозно оштетување на видот во текот на првата година на животот.
Пребарување
Pun naziv
Леберова конгенитална амауроза
Kratki naziv
---
Sinonimi
Конгенитална амауроза на Лебер
Orpha broj
65
Kategorija
Podkategorija
Naziv na stranom jeziku
---
Prevalenca
1-9 / 100 000
Nasleđivanje
Автосомно доминантно или автосомно рецесивно
Period početka bolesti
---
ICD 10
H35.5
OMIM
179900 204000 204100 604232 604393 604537 608553 610612 611755 612712 613341 613826 613829 613835 613837 613843 614186 615360
UMLS
C0339527
GARD
634
MEDDRA
10070667
Tekstualni opis
ЛКА се карактеризира со значително намалена острина на вид (помалку или еднакво на 20/400) или слепило за време на првата година од животот. Во зависност од генетската мутација може да се појават забавени пупиларни реакции, лутачки движења на очите, фотофобија, висока хиперопија, нистамус, конвергентен страбизам или керато конус. Окуло-дигиталниот знак на Франкечети се состои од патогномонични допирања, притискања и триења на окото. LCA се поврзува со мутации во гени кои се поврзани со синдроми кои имаат застој во невралниот развој, интелектуална попреченост, тип на окуломоторна апраксија (проблеми со движењето на окото) и бубрежна дисфукнција.
Etiologija
До денес, пријавени се мутации во гени кои кодираат протеини специфични за функцијата на ретината и предизвикуваат ЛКА. Тука се вклучуваат GUCU2D (17p13.1), CEP290 (12q21.33) RPGRIP1 (14q11.2), RDH12 (14q24.1), SPATA7 (14q31.3) AIPL1 (17p13.1), RD3 (1q32.3), CRB1 (1q31-q32.1), CRX (19q13.3), IMPDH1 (7q31.3-q32), IQCB1 (3q21.1), KCNJ13 (2q37), LCA5 (6q14), NMNAT1 (1p36.22), и TULP1 (6p21.3). Овие мутации предизвикуваат сериозно нарушување на функцијата и се поврзуваат со ретинални дистрофии. Мутациите во CRX или IMPDH1 гените може да предизвикаат сериозен и ран почеток на болеста. Пациенти со мутации во GUCY2D имаат многу бавно прогресивна морфолошка дегенерација и главно функционално оштетување.
Prognoza
bolest_prognoza
Diferencijalna dijagnoza
Диференцијалната дијагноза вклучува ретинитис пигметоза, Алстром синдром, Јуберт синдром, Старгарт синдром, Сениор-Локен синдром, коноренален синдром и инфантилна невронска цероидна липофусциноза (види термини). Кортикално слепило е честа причина за погрешна дијагноза во случај на ограничен пристап кон функционално тестирање или морфолошко испитување со висока резолуција.
Tretman
Моментално ЛКА е болест без лек. Лекувањето главно е палијативно и вклучува корекција на видот со помош на очила и очни помагала. Треба да се обесхрабри постојаното допирање и притискање на очите. Потребни се периодични офталмолошки прегледи и одредување на присуство на амблиопија*, глауком или катаракта. Моментално се испитуваат терапии за болеста, вклучувајќи генетска (конкретно насочена кон RPGRIP и CEP290) и оптогенетска терапија (генетски насочено лекување на преостанатите ретинални клетки со помош на молекули кои се сензитивни на светлина). * амблиопија - мрзливо око
Dijagnostičke metode
Дијагнозата се базира врз клиничките испитувања кои покажуваат успорен или скоро отсутен папиларен одговор присутен во раниот период од животот; со фундоскопски наоди кои откриваат намалување на ретиналните крвни садови и променливи знаци на ретинална дегенерација (од скоро нормална ретина до целосно гранулиран изглед). Дијагнозата се потврдува со помош на Ганцфелд електроретинограм за време на седација. Молекуларната дијагноза е многу важна и може да се изведе со помош на arrayed primer extension (APEX) (тест кој одредува подгрупа на познати мутации во ЛКА гени и дијагнозата се постигнува кај 50-70% од случаите) и новогенерациско секвенционирање (НГС) (ја открива цела секвенца на познатиот ген и оваа метода може да помогне со дијагноза дури кај 90% од пациентите). Последниот чекор во дијагнозата вклучува потврдување на идентификуваните гени и сегрегациони анализи кај родителите на заболените со помош на Сангерово секвенционирање.
Antenatalna dijagnoza
Пренаталната дијагноза кај ризични парови со идентификувани мутации се нуди од страна на специјализирани лабаратории.
Epidemiologija
Преваленцата на ЛКА е 1/50.000-1/33.000 живородени и е причина за 5% од сите ретинални дистрофии и 20% на слепило кај деца на школска возраст.
Genetsko savetovanje
ЛКА е типична болест со автосомно рецесивен пат на наследување. Ретко, мутации во CRX или IMPDH1 гените може да се наследат по автосомно доминантен пат и да се преклопуваат со дијагнозата на ЛКА.
Terapija
---
Klinička istraživanja
---