Лептоспироза
Definicija
Лептоспироза е антропозоонозна предизвикана од спирално оформена бактерија која припаѓа на родот Лептоспира. Лептоспироза е раширена зооноза со светска дистрибуција и е појава која била прифатена како една од главните здравствени проблеми во земјите во развој во Југо-Источна Азија и Јужна Америка.
Пребарување
Pun naziv
Лептоспироза
Kratki naziv
---
Sinonimi
---
Orpha broj
509
Kategorija
Podkategorija
Naziv na stranom jeziku
---
Prevalenca
1-9 / 1 000 000
Nasleđivanje
Не е применливо.
Period početka bolesti
---
ICD 10
A27.0 A27.8 A27.9
OMIM
---
UMLS
C0023364
GARD
---
MEDDRA
10024238
Tekstualni opis
Почетните знаци на инфекција вклучуваат висока температура која е поврзана треска и со болка (мијалгија, главоболки и стомачни болки). Болеста прогресира во тек на неколку дена со варијабилни тешкотии кои варираат од симптоми како настинка до брзо живото-загрозувачко мултисистемско откажување со тоа што најспецифична карактеристика е хепатонефритис. Исто така може да се појават и нагласена жолтица, невролошки знаци, респираторни проблеми, миокардитис, болна хепатомегалија со спленомегалија и крварење. Лабораториските анализи откриваат полинуклеарна хиперлеукоцитоза, холестаза која во одредени случаи е доста тешка и изолирана (без или со ограничена цитолиза), и повремено рабдомиолиза и тромбопенија.
Etiologija
Животните кои се домаќини (воглавно глодари) излачуваат лептоспири во урината. Луѓето се инфицираат преку кожата или преку слузокожата од контаминирана мека вода. Периодот на инкубација трае 10 дена.
Prognoza
bolest_prognoza
Diferencijalna dijagnoza
Симптомите се доста слични со клиничка појава на многу други болести, вклучувајќи маларија и денге треска.
Tretman
Лептоспирата е сензитивна на пеницилин Г и затоа лекувањето се заснова на антибиотици. Антибиотската терапија е корисна, но мора да се даде во раната фаза од болеста. Превенција на болеста е можна со истребување на глодарите и со користење на соодветни мерки на претпазливност. Во некои земји, како Франција, е достапна вакцина, која е резервирана за оние професии што се во ризик како работници во канализација.
Dijagnostičke metode
Дијагнозата се заснова на аналза на крвни култури кои се култивирани на специфични ЕМЈХ медиуми. Изолацијата на нишки од урината е проблематично и може да се направи само со свежи примероци. ПЦР анализа на крв и урина може да детектира ДНК на лептоспири и да овозможи рана дијагноза уште во првата недела од почетокот на болеста. Сепак, лептоспирозата, често се дијагностицира доцна, поради широкиот спектар на симптоми, во ранг од симптоми на настинка до ренален застој.
Antenatalna dijagnoza
---
Epidemiologija
Проценката на Светската Здравствена Организација, покажуваат дека годишно се случуваат над 500 000 случаи на лептоспироза, со стапка на морталитет од над 10%. Сепак, инциденцата во Европа е многу пониска, и тоа со помалку од 500 дијагностицирани случаи годишно во секоја Европска земја.
Genetsko savetovanje
---
Terapija
---
Klinička istraživanja
---