Леукемија со мастоцити

Definicija

Леукемија со мастоцити е малигна форма на системска мастоцитоза (СМ, види термин) и се карактеризира, во поголемиот дел од времето, со присуство на циркулирачки мастоцити.

Пребарување

Pun naziv

Леукемија со мастоцити

Kratki naziv

---

Sinonimi

---

Orpha broj

98851

Kategorija

Podkategorija

Naziv na stranom jeziku

---

Prevalenca

---

Nasleđivanje

Не се применува

Period početka bolesti

---

ICD 10

C94.3

OMIM

---

UMLS

C0023461

GARD

---

MEDDRA

10056450
Tekstualni opis
Леукемија со мастоцити е типична хематолошка болест која се карактеризира со инфилтрација на коскената срцевина и често присуство на абнормални мастоцити во крвта. Кај скоро сите пациенти, нема присуство на кожни лезии.
Etiologija
Кај неколкуте проучени случаи, во малигните мастоцити се среќаваат активирачки мутации го KIT (D816V, D816Y, G820V) гените, но се опишуваат разни хромозомални мутации.
Prognoza
bolest_prognoza
Diferencijalna dijagnoza
Диференцијална дијагноза вклучува други облици на акутна леукемија и ретки случаи на базофилична леукемија (види термин).
Tretman
Лекувањето вклучува хемотерапија, со или без интерферон алфа и кладрибин. Трансплантација на коскена срцевина е ретко возможна, но некогаш може да биде корисна. Во случаи со спленомегалија со хиперспленизам, се индицира отстранување на слезината. Палијативниот третман вклучува хидроксиуреа.
Dijagnostičke metode
Дијагнозата се основа врз хистолошки и цитолошки анализи од коскената срцевина. Цитолошките анализи откриваат дел од коскената срцевина каде има присуство на повеќе од 20% мастоцити. Во повеќето случаи на лекуемија со мастоцити, мастоцитите во коскената срцевина имаат атипичен изглед, неразвиеност со двојно или повеќе лобусно јадро, и понекогаш со бластоцитен морфолошки изглед. Во повеќето случаи абнормалните мастоцити се среќаваат во крвта со пропорција поголема од 10%. Додатни тестови вклучуваат мерење на серумската триптаза (повеќе од 20ng/mL, и понекогаш вредностите се над 1,000ng/mL), потрага по мутации во KIT и фенотипирање на мастоцитите од коскената срж.
Antenatalna dijagnoza
---
Epidemiologija
Претставува екстремно ретко заболување (помалку од 1% од случаите со системска мастоцитоза).
Genetsko savetovanje
---
Terapija
---
Klinička istraživanja
---