Лихен планус пигментозус
Definicija
Лихен планус (ЛП) пигментозус е ретка варијанта на кутан лихен планус кој се карактеризира со присуството на хиперпигментирани лихеноидни лезии на областите на телото кои се изложени на сонце или на флексионите делови на телото.
Пребарување
Pun naziv
Лихен планус пигментозус
Kratki naziv
---
Sinonimi
Лихен планус пигментоза Лихен планус пигментозус инверсус ЛП пигментозус ЛП пигментоза
Orpha broj
254463
Kategorija
Podkategorija
Naziv na stranom jeziku
---
Prevalenca
Непознато
Nasleđivanje
---
Period početka bolesti
---
ICD 10
L43.8
OMIM
---
UMLS
C0406366
GARD
10816
MEDDRA
---
Tekstualni opis
Болеста обично се појавува во третата и четвртата декада од животот. Лезиите се асимптоматични или благо пруритични. Кожните промени се темно кафеави или сиви макули или папули со шаблон на дифузна пигментација, во повеќето случаи. Најчесто ги зафаќаат лицето, вратот и горните екстремитети. ЛП е претежно интертригинозна болест, обично на аксилата и препоните (воглавно опишана кај белата раса), исто така наречена како лихен планус пигментозус инверсус. Скалпот, ноктите или слузокожата не се зафатени. ЛП пигментозус може да постои во комбинација со типични ЛП лезии.
Etiologija
Етиологијата е непозната, но различни фактои можат да ја активираат болеста, како што се вирални инфекции и одредени локални агенти вклучувајќи синапово масло, амла масло и к'на бои за коса. Еден случај е пријавен во поврзување со Базекс синдром.
Prognoza
bolest_prognoza
Diferencijalna dijagnoza
---
Tretman
---
Dijagnostičke metode
Хистолошките карактеристики на ЛП пугментозус се слични, но поблаги од класичниот ЛП, со лихеноидна реакција, вакуоларна промена и апоптотски кератиноцити. Меланинската инконтиненција е изразена и може да биде единствената карактеристика на постарите лезии; може да се протега подлабоко во дермисот од типичната постинфламаторна пигментација.
Antenatalna dijagnoza
---
Epidemiologija
ЛП пигментозус е ретка болест во Европа, но честа е кај индиското население и во Средниот Исток. Вкупната преваленца е непозната. Нема разлика во распространетоста меѓу мажи и жени.
Genetsko savetovanje
---
Terapija
---
Klinička istraživanja
---