Мајчинска фенилкетонурија

Definicija

Мајчинска фенилкетонурија е ретко нарушување на метаболизмот на фенилаланин, вродена грешка на метаболизам на амино киселини, карактеризирано со развој на микроцефалија, забавен раст, вродена срцева болест, дисморфизам на лицето и интелектуален дисабилитет во нефенилкетонурични деца на мајки со зголемена концентрација на фенилаланин.

Пребарување

Pun naziv

Мајчинска фенилкетонурија

Kratki naziv

---

Sinonimi

Мајчинска ПКУ Хиперфенилаланинемична ембриопатија Мајчинска хиперфенилаланинемија Фенилкетонурична ембриопатија

Orpha broj

2209

Kategorija

Podkategorija

Naziv na stranom jeziku

---

Prevalenca

Непознато

Nasleđivanje

Автосомно рецесивно

Period početka bolesti

---

ICD 10

E70.1

OMIM

261600

UMLS

C0085547

GARD

3413

MEDDRA

---
Tekstualni opis
Хиперфенилаланинемија е класифицирана со концентрации на серумски фенилаланин од повеќе од 1,2000 микромол/литар (класична ПКУ) или помалку од 600 микромол/литар (хиперфенилаланинемија) и помеѓу 600 и 1200 микромол/литар (блага ПКУ). Мајчинска фенилкетонурија резултира со интраматеричен и постнатален заостанат раст и се поврзува со ниска телесна тежина, микроцефалија, и интелектуален дисабилитет. Можна е и појава на вродени срцеви малформации кои вклучуваат дупла десна комора, тетралогија на Фалот и вентрикуларни септални дефекти. Во посериозни случаи, може да се појави и дисморфизам на лице со различни карактеристики како ниско чело, страбизам, споени очи, диспластични ушни школки, високо непце, неразвиен филтрум, превртени ноздри, широк и рамен носен мост, девијација на назален септум, микрогнатија и птоза. Оптимални мајчински концентрации на фенилалнин треба строго да се одржуваат за време на бременоста за да се намали ризикот од абнормалности. Ова може да се постигне со минимален внес на фенилаланин, заедно со суплементи збогатени со тирозин. Истражувањата покажуваат дека диета за контрола на концентрацијата на фенилаланинот може да превенираат да се појави заболувањето, доколку се започне уште пред да се зачне бебето.
Etiologija
Ненормално висока концентрација на мајчински фенилаланин е основниот клинички ефект кој се наоѓа кај децата со ова заболување. ПКУ и хиперфенилаланинемија се предизвикани од мутации на PAH генот (12q22-q24.2).
Prognoza
bolest_prognoza
Diferencijalna dijagnoza
---
Tretman
---
Dijagnostičke metode
---
Antenatalna dijagnoza
---
Epidemiologija
Се проценува дека инциденцата на мајчинска ПКУ во Европа е 1 на 10 000. Поради воведување на неонатален скрининг, има зголемено преживување и подобрено здравје помеѓу жените со третирана ПКУ, а со тоа е зголемен и бројот на потенцијални бремености со ризик од покачен мајчински фенилаланин.
Genetsko savetovanje
Фенилкетонурија се пренесува автосомно рецесивно. Заболените деца затоа се хетерозиготни носители или не се носители на дефектот.
Terapija
---
Klinička istraživanja
---