Моуат – Вилсон синдром
Definicija
Моуат - Вилсон синдром (МВС) е синдром со повеќекратни конгенитални аномалии карактеризиран со специфичен фацијален фенотип, интелектуален дисабилитет, епилепсија, Хиршспрунг болест (ХСЦР) и варијабилни малформации.
Пребарување
Pun naziv
Моуат - Вилсон синдром
Kratki naziv
---
Sinonimi
Синдорм на Хиршспрунг болест - интелектуален дисабилитет
Orpha broj
2152
Kategorija
Podkategorija
Naziv na stranom jeziku
---
Prevalenca
Непознато
Nasleđivanje
Автосомно доминантно
Period početka bolesti
---
ICD 10
Q43.1
OMIM
235730
UMLS
C1856113
GARD
9673
MEDDRA
---
Tekstualni opis
Типичните карактеристики на лицето на МВС вклучуваат високо чело кое е испакнато нанапред, големи веѓи кои се искривени во средниот дел и имаат ретки влакна во средниот дел, хипертелоризам, длабоко поставени големи очи, големи и подигнати ушни школки со централен пад, нос како седло со испакнат кружен носен врв, испакната колумела, отворена уста со горна усна во форма на буквата М, и испакната, но тесна и триангуларна шилеста брада. Овие карактеристики на лицето стануваат поизразени со возраста. Поврзаната ХСЦР предизвикува констипација која трае и после операција. Пациентите имаат умерен до сериозно тежок интелектуален дисабилитет. Говорот е отсутен или ограничен на неколку зборови, со почеток на околу 5-6 години. Нападите се чести и пријавени се сите типови на напади (отсуство, генерализирани тонично-клонични напади, миоклонични напади и фокални напади). Повеќето лица имаат среќно расположение и често се смеат и се друштвени. Други поврзани конгенитални аномалии вклучуваат церебрални (агенеза на корпус калосум), срцеви (патент дуктус артериоузус, вентрикуларен септален дефект, валвуларна пулмонална стеноза), пулмонални (артериски завој со или без трахеална стеноза), генитоуринарни (хипоспадија, криптохидизам, везикоуретеричен рефлукс, и хидронефроза), окуларни (микрофталмија) и мускулоскелетни (пес планус, калцанеовалгус).
Etiologija
МВС е предизвикан од хетерозиготни мутации или делеции на цинковиот прст хомеобокс кој е врзувачки за Е-бокс 2 генот, ZEB2, (2q22.3) претходно познат како ZFHX1B (SIP1). До денес се пријавени повеќе од 100 делеции/ мутации кај пациенти со типичен фенотип. Тие се често делеции на целиот ген или скратени мутации, што укажува на тоа дека хаплоинсуфиенција е главниот патолошки механизам. Анализите на генотип-фенотип корелацијата покажуваат дека гешталтот на лицето и одложениот психомоторен развој се константни клинички симптоми, додека честите и сериозни конгенитални малформации се варијабилни. Кај мал број на пациентите, невообичаените мутации може да доведат до атипичен фенотип.
Prognoza
bolest_prognoza
Diferencijalna dijagnoza
Диференцијалната дијагноза вклучува Пит - Хопкинс синдром, Голдберг - Шпринцен мегаколон, Смит-Лемли - Опиц и Ангелман синдром.
Tretman
Поради конгениталната срцева болест и ХСЦР болеста, може да е потребна рана операција во првите денови или месеци од животот. Нападите се чести и се третираат со стандардна терапија. Генитоуринарните аномалии може да се третираат со операција во првите години од животот. Психомоторниот застој во развој се третира со рехабилитација која треба да започне што побрзо (физикална терапија, психомоторна и терапија за говор). За мускулоскелетните малформации може да се потребни ортопедски интервенции.
Dijagnostičke metode
Типичните карактеристики на лицето се особено важни за првична клиничка дијагноза и овозможува знак кој гарантира ZEB2 мутациска анализа во сите случаи, дури и при отсуство на ХСЦР. Конгениталните малформации и нападите треба да се проследат со рано клиничко истражување со интервенција на неколку специјалисти (вклучувајќи неонатолози и педијатри).
Antenatalna dijagnoza
Пренаталната дијагноза е можна за наредни бремености за родители кои имаат погодено дете.
Epidemiologija
Преваленцата е проценета на 1 на 50 000 и 1 на 70 000 живородени. Досега се пријавени преку 200 пациенти. Изгледа можно дека МВС не се дијагностицира доволно, особено кај пациенти без ХСЦР.
Genetsko savetovanje
Поголемиот дел од случаите кои се пријавени досега се спорадични, но опишан е герминален мозаицизам и ризик од повторување од 2%.
Terapija
---
Klinička istraživanja
---