МУЛИБРЕИ нанизам

Definicija

МУЛИБРЕИ нанизам (МУЛ) е нарушување на растот со пренатален почеток со повеќеоргански манифестации.

Пребарување

Pun naziv

МУЛИБРЕИ нанизам

Kratki naziv

---

Sinonimi

Нанизам на мускул-црн дроб-мозок-око МУЛИБРЕИ џуџест раст Перхинтупа синдром Синдром на перикардијална констрикција-застој во раст

Orpha broj

2576

Kategorija

Podkategorija

Naziv na stranom jeziku

---

Prevalenca

Непознато

Nasleđivanje

Автосомно рецесивно

Period početka bolesti

---

ICD 10

Q87.1

OMIM

253250

UMLS

C0524582  C2931895

GARD

95

MEDDRA

---
Tekstualni opis
МУЛ се карактеризира со пред и постнатален застој во растот, а за дијагнозата треба да се посомнева кај доенчиња што се родени мали за нивната гестациска возраст со прогресивен застој во растот и слабо добивање на тежина. Други главни дијагностички знаци се карактеристични витки долги коски со дебел кортекс и тесни медуларни канали или села турцика во форма на буквата Ј на рендген, карактеристични краниофацијални црти со скафоцефалија, триаглесто лице, високо и широко чело, низок назален мост и жолтеникави точки во средина на ретиналниот периферен регион. Помалите дијагностички знаци вклучуваат необичен висок глас, хепатомегалија, кутани наеви фламеи и фиброзна дисплазија на долгите коски. За дијагноза се потребни 3 главни знаци или 2 главни знаци со 3 помали. Психомоторниот развој е воглавно нормален. Најтешкиот елемент на болеста е рестриктивна перимиокардијална срцева болест. Во текот на периодот на доенче, чести проблеми се потешкотии во хранењето, пневмонии и повторливи респираторни инфекции. Ризикот од Вилмов тумор е зголемен, а жените имаат поголем ризик од разивање на фибротекоми на јајници. Жените имаат прерано затајување на јајниците и се неплодни. Додатно, повеќето пациенти развиваат тешка отпорност на инсулин и метаболички синдром веќе во млада возраст.
Etiologija
Болеста е предизвикана од мутации во генот ТРИМ37 кој енкодира за пероксималниот ТРИМ37 протеин со непозната функција. Деведесет и шест пациенти со финско потекло и 15 без, имаат молекуларно потврдена дијагноза. Во финска, една главна мутација на основач е забележана кај сите пациенти, а 4 се сложени хетерозиготи на финската главна мутација и една од 3 помали мутации. Приватните мутации се одговорни за случаите кои не се од финско потекло. Молекуларниот генетски скрининг за мутации на генот ТРИМ37 е достапно во Финска.
Prognoza
bolest_prognoza
Diferencijalna dijagnoza
Диференцијалната дијагноза вклучува дисморфни нарушувања на раст со застој во раст со пренатален почеток, односно Силвер-Расел синдром и 3М-синдром.
Tretman
Раното препознавање и лекување на хранење, респираторни проблеми или зафатеност на срце со перикардиектомија се од големо значење. Хормонот за раст индуцира добар краткотраен, но само скромно долготраен ефект на раст. Од адолесценција, треба да се следи метаболизмот на глукозата, а жените во постпубертална фаза имаат потреба од редовни гинеколошки контроли.
Dijagnostičke metode
Секвенционирањето на целосниот ген ТРИМ37 е неопходно за родители кои не се од финско потекло.
Antenatalna dijagnoza
Можно е пренатално молекуларно ггенетско тестирање, но рационално е само кај семејства за кои се знае дека се погодени со МУЛБРЕИ нанизам.
Epidemiologija
Точната преваленца е непозната, иако досега се пријавени 115 случаи.
Genetsko savetovanje
МУЛ е автосомно рецесивно нарушување.
Terapija
---
Klinička istraživanja
---