Невролептичен малигнен синдром
Definicija
Невролептичен малигнен синдром (НМС) е идиосинкратска состојба поврзана со примање на антипсихотици и други централни допаминергични блокатори и се карактеризира со хипертермија, мускулна ригидност, автономна дисфункција и променета свесност.
Пребарување
Pun naziv
Невролептичен малигнен синдром
Kratki naziv
---
Sinonimi
---
Orpha broj
94093
Kategorija
Podkategorija
Naziv na stranom jeziku
---
Prevalenca
Непонато
Nasleđivanje
---
Period početka bolesti
---
ICD 10
G21.0
OMIM
---
UMLS
C0027849
GARD
7195
MEDDRA
10029282
Tekstualni opis
Кај околу 16% од пациентите, НМС се случува во првите 24 часа после давањето на антипсихотичен третман, кај 66% се случува во првата недела и многу поретко се случува во рок од 30 дена. НМС се појавува со хипертермија, мускулна ригидност, промена на ментален статус и автономна дисфункција. Знаците може да вклучат и профузна дијафореза, тахикардија, тахипнеја, лабилен крвен притисок, ацидоза, инконтиненција, зголемени нивоа на серумски креатинин фосфокиназа и трансаминаза, и рабдомиолиза со ризик од последователен ренален застој. Кога ќе се развијат симптомите, траат просечно од 7 до 10 дена, а врвот го достигнуваат во првите 72 часа.
Etiologija
Се смета дека НМС се појавува поради блокирање на рецепторот за допамин. Сите антипсихотични агенси, типични или атипични, може да предизвикаат појава на синдромот, иако потентните невролептици (халоперидол, флуфеназин) се почесто поврзани со НМС. Ризик фактори се: физичко исцрпување, вознемиреност, дехидратација, врзување за ограничување на движењата, употреба на високи дози и акутни парентерални форми на антипсихотици и брзо зголемување на доза на антипсихотици.
Prognoza
bolest_prognoza
Diferencijalna dijagnoza
Бидејќи НМС е дијагноза на исклучување, диференцијалната дијагноза е од голема важност. Вклучува малигна хипертермија од анестезија, серотонин синдром, топлотен удар, идиопатска малигна кататонија, инфекции (сепса, менингитис, енцефалитис), серотонин синдром, делириум тременс, статус епилептикус, труење со салицилат, ендокринопатии, мозочен удар и траума на мозокот.
Tretman
Неопходно е веднаш да се прекине со примена на антипсихотични лекови и да се преземат мерки за поддршка (волуменска ресуститација, физичко ладење). Нема докажани специфични третмани. Пријавени се бенефити во некои случаи при користење на бензодијазепини, допаминергични агенси (бромокриптин, амантадин), дантролен (во случаи со ектремна хипертермија) и електроконвулзивна терапија. Потребно е внимателно следење за кардиореспираторен застој, ренален застој, аспиративна пневмонија и коагулопатии. Некогаш може да е потребна и вентилаторна поддршка и дијализа.
Dijagnostičke metode
---
Antenatalna dijagnoza
---
Epidemiologija
НМС се јавува во приближно 1-2 на 10 000 пациенти кои се третираат со антипсихотици (сите возрасни групи, однос на мажи спрема жени 2:1, повисоки стапки се пријавени во минатото).
Genetsko savetovanje
---
Terapija
---
Klinička istraživanja
---