Неонатална ихтиоза – склерозен холангитис синдром

Definicija

Неонатална ихтиоза-склерозен холангитис (НИСЦХ синдром) е доста редок комплекс ихтиоза синдром кој се карактеризира со хипотрихоза на скалпот, алопеција која остава лузни, ихтиоза и склерозен холангитис.

Пребарување

Pun naziv

Неонатална ихтиоза - склерозен холангитис синдром

Kratki naziv

---

Sinonimi

ИСХЦ Ихтиоза - хипотрихоза-склерозен холангитис синдром НИСЦХ синдром

Orpha broj

59303

Kategorija

Podkategorija

Naziv na stranom jeziku

---

Prevalenca

---

Nasleđivanje

Автосомно рецесивно

Period početka bolesti

---

ICD 10

---

OMIM

607626

UMLS

C1843355

GARD

10583

MEDDRA

---
Tekstualni opis
Ихтиозата се презентира со дифузни бели љушпи (крлушки) кои ги поштедуваат наборите на кожата, и се придружени со хипотрихоза на скалпот, цикатрична алопеција и ретки трепки/веѓи. Дополнително може да се појави олигодонција, хиподонција и дисплазија на глеѓта на забите. Сите пациенти имаат неонатален склерозен холангитис со жолтица и пруритус, хепатомегалија и биохемиска холестаза. Клиничката слика всушност ја имитира билијарната артезија. Може да се појави и портална хипертензија, патентна ектрахепатична опструкција на жолчните канали и спленомегалија. Хистолошки се покажува екстензивна фиброза и пролиферација на жолчните канали. Често има и леукоцитна вакуолизација. Болеста на црниот дроб може да има променлива експресивност во ранг од прогресивна болест која резултира во застој на црниот дроб до регресија на холестаза.
Etiologija
НИСЦХ синдром е предизвикан од мутација на ЦЛДН1 генот кој кодира за тесниот спој на протеинот клаудин 1.
Prognoza
bolest_prognoza
Diferencijalna dijagnoza
Диференцијалната дијагноза треба да вклучи Дорфман -Ханарин синдром и други синдромски форми на ихтиоза.
Tretman
Лекувањето има за цел да ги подобри симптомите и да го продолжи животниот век. Трансплантација на црн дроб е единствен ефективен третман при откажување на црниот дроб. Ихтиозата се контролира со хидратација на кожата (локална апликација на креми и емолиенти масла), ретиноиди и изложување на сонце.
Dijagnostičke metode
Дијагнозата се заснова на клинички, биохемиски и хистолошки карактеристики.
Antenatalna dijagnoza
---
Epidemiologija
Досега се пријавени 10 пациенти од неповразни консангвини семејства од Мароко и Шведска.
Genetsko savetovanje
НИСЦХ синдром се наследува автосомно рецесивно.
Terapija
---
Klinička istraživanja
---