Нетертон синдром

Definicija

Нетертон синдром (НС) е пореметување на кожата кое се карактеризира со конгенитална ихтиозиформа еритродерма (ЦИЕ), посебно оштетување на отворот на влакното (трихорексик инвагината; ТИ) и атопични манифестирања.

Пребарување

Pun naziv

Нетертон синдром

Kratki naziv

---

Sinonimi

НС Синдром на бамбусова коса Комел-Нетертон синдром

Orpha broj

634

Kategorija

Podkategorija

Naziv na stranom jeziku

---

Prevalenca

1-9 / 1 000 000

Nasleđivanje

Автосомно рецесивно

Period početka bolesti

---

ICD 10

Q80.8

OMIM

256500

UMLS

C0265962

GARD

7182

MEDDRA

10062909
Tekstualni opis
Кај пациентите генерално се јавува генерализирана еритродерма и лупење, и неуспех во напредокот, уште од раѓање. Честите компликации вклучуваат хипернатремична дехидрација, повторливи инфекции, и дијареа и цревна малапсорпција. Текот на болеста е хетероген: генерализираната еритродерма може да опстојува кај некои пациенти, но почесто во текот на детството еволуира во ихтиозис линеарис циркумфлекса (ИЛЦ). ИЛЦ е поблаго и високо карактеристично кожно нарушување, кое е обележано со мираторно еритематозни плакови со обострано перутење. Аномалиите на влакната обично се поочигледни после периодот на доенче, со ретки и кршливи влакна предизвикани од ТИ (бамбусова коса согледана со светла микроскопија) и други аномалии на влакната (пили торти и/или трихорексис нодоса). Исто така и веѓите и трепките се погодени. Мнозинството на НС пациенти развива атопични манифестации вклучувајќи астма, атопичен дерматит, алергии на храна, уртикарии, ангиоедема, и покачени нивоа на ИгЕ. Други клинички откривања се одложен раст и развој, низок раст, и ретко, повремена ацидурија.
Etiologija
НС е предизвикан од мутации во генот СПИНК5 (5q31-q32) кој го кодира инхибиторот на серинска протеаза ЛЕКТИ. Недостатокот на ЛЕКТИ резултира со зголемување на хидролитичната активност слично на трипсин, во стратум корнеум (СЦ) што води до предвремена десквамација и тешко оштетување на кожната бариера.
Prognoza
bolest_prognoza
Diferencijalna dijagnoza
Диференцијална дијагноза вклучува други инфантили еритродерми, посебно небулозна конгенитална ихтиозиформа еритродерма и еритродермична псоријаза. Атописки дерматит, ламеларна ихтиоза, синдром на примарна имунодефициенција, себореичен дерматит, и акродерматитис ентеропатика треба да се исклучат.
Tretman
Лекувањето е симптоматско и бара брзо третирање на неонаталните компликации и долготрајна употреба на емолиенти за третман на кожното пореметување. Користењето на топични стероиди и топични имуномодулатори (такролим и пимекролим) е опишано како корисно во некои случаи, но овие средства не се препорачани за долготрајна употреба или третирање на поголеми површини, затоа што оштетената бариера на кожата овозможува системско апсорбирање на лекот.
Dijagnostičke metode
Рана дијагноза може да биде проблематична, зашто најкарактеристичните откривања (ТИ и ИЛЦ) не се видливи до детството. Имунохистохемијата на кожни бипосии откривајќи го недостатокот на ЛЕКТИ е предложена како корисен дијагностички тест за НС, но идентификација на генот кој ја предизвикува болеста дозволува молекуларна потврда на дијагнозата.
Antenatalna dijagnoza
Молекуларна пренатална дијагноза е можна.
Epidemiologija
Инциденцата е проценета на 1/200,000 раѓања.
Genetsko savetovanje
НС е автосомно рецесивно пореметување и треба да се предложи генетичко советување за погодените семејства.
Terapija
---
Klinička istraživanja
---