Нефронофтиза

Definicija

Нефронофтиза е хронична тубулоинтерстицијална нефропатија која прогредира до завршен стадиум на бубрежна инсуфициенција

Пребарување

Pun naziv

Нефронофтиза

Kratki naziv

---

Sinonimi

---

Orpha broj

655

Kategorija

Podkategorija

Naziv na stranom jeziku

---

Prevalenca

1-9 / 100 000

Nasleđivanje

Автосомно рецесивно

Period početka bolesti

---

ICD 10

Q61.5

OMIM

256100  602088  604387  606966  611498  613159  613820  613824  614377  615382  615862

UMLS

C0687120

GARD

---

MEDDRA

---
Tekstualni opis
Болеста е и клинички и генетски хетерогена. Опишани се три главни клинички форми. Јувенилна нефронофтиза, најчестата форма, која напредува до терминален стадиум на бубрежна слабост пред 15тата година од животот и е одговорна за 15% од случаите на бубрежна инсуфициенција во детска возраст. Првите знаци се појавуваат по 2 годишна возраст со нарушување во концентрација на урина одговорна за полиурија, полидипсија, неможност за унапредување и прогресивно влошување на бубрежната функција без знаци за гломеруларна болест. На ултразвучен ехо преглед бубрезите се со нормална величина. Хистолошките лезии ги зафаќаат тубуларните базални мембрани кои се неправично задебелени и повеќеслојни или истенчени. Исто така присутна е и интерстициелна фиброза. Некои деца јавуаат и екстраренални симптоми како тапеторетинална дегенерација (какок кај Сениор-Локен синдром, види го овој поим), интелектуален дефицит, церебеларна атаксија, аномалии на коски или зафатеност на црниот дроб. Нефронофтиза која се јавува во новороденечки период е хронична тубулоинтерстицијална нефропатија со кортикални микроцисти кои прогредираат до крајна фаза на бубрежна слабост пред петтата година од животот. Доцната форма на нефронофтиза е ретка форма на оваа болест. Клиничките и хистолошките знаци се слични на оние од јувенилната форма, но разликата е тоа што терминалната фаза на бубрежната инсуфициенција се јавува подоцна отколку во јувенилната форма, со средна возраст од 19 години.
Etiologija
Идентификувани се 5 гени кои се поврзани со оваа болест. Првиот ген NPHP1 е локализиран на хромозом 2q13. Во 70% од децата со оваа болест, се забележани хомозиготни делеции и нивната детекција со PCR овозможува да се постави дијагноза. Присуството на генетска хетерогеност е докажана кај пациенти со или без екстраренална зафатеност. Мутациите во генот NPHP2 кои кодираат инверзин, се одговорни за инфантилната форма на нефронофтиза, која прогредира до крајна фаза на бубрежна слабост пред петтата година од животот. Мутациите во NPHP3 генот, локализирани на хромозом 3q21-22, исто така се опишани во една голема Венецуелска фамилија и предизвикуваат форма на доцен почеток на болеста. Мутациите во NPHP4 генот лоцирани на хромозом 1p36 се забележани кај неколку фамилии, од кои некои имале пропратна ретинална болест. Мутациите во друг ген IQCB1/NPHP5, локализирани на хромозом 3q13 се идентификувани кај пациенти со автосомно рецесивна нефронофтиза и Сениор-Локен синдром.
Prognoza
bolest_prognoza
Diferencijalna dijagnoza
---
Tretman
Во моментов не постои третман за превенција на прогресивноста која доведува до краен стадиум на бубрежна инсуфициенција.
Dijagnostičke metode
---
Antenatalna dijagnoza
Антенаталната дијагноза може да се постави кога мутацијата е идентификувана кај едно дете во фамилија.
Epidemiologija
Преваленцијата е 1/100 000.
Genetsko savetovanje
Нефронофтиза се наследува Автосомно рецесивно.
Terapija
---
Klinička istraživanja
---