Окуло-палато-церебрален синдром

Definicija

Окуло-палато-церебрален синдром се карактеризира со четири здружени аномалии: интелектуална попреченост, микроцефалија, аномалии на непцето и очни аномалии.

Пребарување

Pun naziv

Окуло-палато-церебрален синдром

Kratki naziv

---

Sinonimi

Окуло-палато-церебрален џуџест раст

Orpha broj

2714

Kategorija

Podkategorija

Naziv na stranom jeziku

---

Prevalenca

---

Nasleđivanje

Автосомно рецесивно

Period početka bolesti

---

ICD 10

Q87.1

OMIM

257910

UMLS

C1850338

GARD

---

MEDDRA

---
Tekstualni opis
Во тек на бременоста присустно е покачување на крвниот притисок кај мајката, мала количина на амнионска течност (олигоамнион) и успорување на интраматеричниот раст. Клиничките манифестации се видливи уште од раѓање. Аномалиите на непцето обично вклучуваат расцеп на истото. Кај мнозинството на случаи, има значителен застој во постнаталниот раст во висина (помеѓу -2.5 и -4 стандардни девијации) и или тежина. Микроцефалијата е присутна кај сите пациенти (помеѓу -2 и 5.6 стандардни девијации). Исто така, сите пациенти имаат перзистентен хиперпластичен примарен витреус (очно тело/стакло) кое се поврзува со микрофталмија, катаракта или атрофија на оптичкиот нерв. Лицевата дисморфологија се карактеризира со полни образи, здебелен (булбозен) врв на носот, долги уши со здебелени хелични бразди. Рацете и стапалата се мали. Аномалиите во надворешните гениталии се среќаваат кај некои машки пациенти каде две од машките деца имаат крипторхидизам. Скелетните аномалии вклучуваат вдлабнат граден кош, зголемена еластичност на зглобовите и кифосколиоза. Интелектуалната попреченост (умерена до сериозна) е честа карактеристика и се поврзува со атрофија на мозокот или квадриплегија во некои случаи. Забележани се проблеми со слухот и зголемена тендеција за присуство на атопија.
Etiologija
До сега не е идентификуван ниту еден ген или локус кој ја предизвикува болеста.
Prognoza
bolest_prognoza
Diferencijalna dijagnoza
Диференцијалната дијагноза вклучува церебро-окуло-назален синдром (види термин) и други синдроми кои се поврзани со постојан хиперпластичен примарен витреус (очно тело).
Tretman
Лекувањето вклучува хируршка корекција на аномалиите на непцето и лекување на очните проблеми. Се препорачува физикална и логопедска терапија.
Dijagnostičke metode
Дијагнозата се основа на клиничките манифестации, особено врз присуството на постојан хиперпластичен примарен витреус (очно тело) заедно со други малформации.
Antenatalna dijagnoza
Можна е пренатална дијагноза, но зависи од откривањето на малформациите и застојот во раст со употреба на фетален ултразвук.
Epidemiologija
Опишан е кај пет пациенти (три момчиња и две девојчиња).
Genetsko savetovanje
Повторното појавување на болеста во фамилијата и докази за истокрвност кај две од трите фамилии сугерираат за автосомно рецесивен пат на наследување. Генетското советување на фамилии кои имаат заболено дете треба да посочи на ризикот за 25% шанса за повторно појавување кај идните деца.
Terapija
---
Klinička istraživanja
---