Пелизеус-Мерцбахер болест

Definicija

Пелизеус-Мерцбахер болест (ПМД) е Х-врзана леукодистрофија, која се карактеризира со застој во развој, нистагмус, хипотонија, спастичност и променлив интелектуален дефицит. Се класифицира во 3 подформи според возраста на почеток и тежината: кон-натална, минлива и класична ПМД.

Пребарување

Pun naziv

Пелизеус-Мерцбахер болест

Kratki naziv

---

Sinonimi

Пелизеус-Мерцбахер склероза на мозокот Дифузна семејна склероза на мозокот Суданофилична леукодистрофија, Пелизеус-Мерцбахер тип ПМД

Orpha broj

702

Kategorija

Podkategorija

Naziv na stranom jeziku

---

Prevalenca

1-9 / 1 000 000

Nasleđivanje

Х-врзано рецесивно или Х-врзано доминантно

Period početka bolesti

---

ICD 10

E75.2

OMIM

213900  312080

UMLS

C0205711

GARD

4265

MEDDRA

10067610
Tekstualni opis
Болеста има широк клинички спектар. Коннаталната форма е најтешката форма која од раѓање се презентира со хипотонија, нистагмус, респираторен дистрес и стридор со последователни моторен и когнитивен застој и спастична квадрипареза. Класичната форма се манифестира за време на првите 2 месеци од животот со нистагмус и хипотонија којашто прогресивно се заменува со спастичност. Подоцнежните знаци вклучуваат атаксија, оштетен моторен развој и интелектуален дефицит. Минливата форма е од умерена тежина меѓу коннаталната и класичната форма. Најблагата презентација на ПМД (благ развоен и моторен застој почнувајќи на 2-3 годишна возраст, подоцна поврзани со спастична параплегија, атаксија, и/или благ интелектуален дефицит) не се разликува чисто од PLP1 нул синдромот, којшто се состои од благи карактеристики на ПМД поврзани со периферна невропатија и комплицирана спастична параплегија 2 (СПГ2), нарушување кое примарно се карактеризира со спастичен од во чиста форма.
Etiologija
ПМД е Х-врзано нарушување заради мутациите или промените на дози на генот PLP1 (Xq22), кои предизвикуваат хипомиелинација на централниот нервен систем (ЦНС). ПМД е алелична на СПГ2, која исто така настанува заради мутации во PLP1. PLP1 го енкодира протеолипидниот протеин PLP1, најизобилниот протеин на миелинската обвивка во ЦНС, и неговата сплицирана (поврзување на две форми за да се добие нова) изоформа DM20. PLP1 дупликациите водат до класичната форма, миссенс супституциите од кон-натални до чисти СПГ2 форми, а PLP1 нул мутации до нул синдромот. Пациентите без PLP1 мутации, но со слична клиничка и скоро идентични неврорадиолошки карактеристики на ПМД, се наречени како да имаат болест налик на ПМД.
Prognoza
bolest_prognoza
Diferencijalna dijagnoza
Диференцијалната дијагноза вклучува Крабе болест, Канаван болест, метахроматска леукодистрофија, Александар болест, семејна СПГ, ПМЛД и церебрална парализа.
Tretman
Лекувањето е мултидисциплинарно и вклучува невролози, физикални терапевти, ортопедски доктори, пневмолози и гастроентеролози. Лекувањето може да вклучи гастростомија за дисфагија, антиепилептични лекови за напади, физикална терапија со лекови за антиспастичност (баклофен, дијазепам, тизанидин) за спастичност, или корективна операција за пулмонално загрозување во случај на тешка сколиоза. Неопходно е редовно следење.
Dijagnostičke metode
Дијагнозата се заснова на клинички, електрофизиолошки и неврорадиолошки наоди. МРИ открива целосна (коннатална, некои минливи форми), делумна (блага ПМД) или дифузна (нул синдром) хипомиелинација. Аудитивно евоцирани потенцијали на мозокот (БАЕП) можат да бидат корисни за да се разликува ПМД (недостаток на бранови II-IV) од ПМЛД (II-IV бранови кои можат да се забележат). Генетското тестирање ја потврдува дијагнозата.
Antenatalna dijagnoza
Пренатално и предимплантациско генетско тестирање се можни кога е идентификувана основната PLP1 мутација во семејството.
Epidemiologija
Проценетата преваленца е 1/400,000. ПМД ги погодува мажите, но пријавени се и некои женски хетерозиготи кои имаат поблаг фенотип (ПМД кај женски носители).
Genetsko savetovanje
---
Terapija
---
Klinička istraživanja
---