Периневрална циста
Definicija
Периневралните (или Тарлов) цисти се цисти на нервниот корен наполнати со цереброспинална течност и најчесто се наоѓаат на сакралното ниво на 'рбетот, иако може да се наоѓаат во било кој дел на 'рбетот, што може да предизвика прогресивна болна радикулопатија.
Пребарување
Pun naziv
Периневрална циста
Kratki naziv
---
Sinonimi
Тарлов циста
Orpha broj
65250
Kategorija
Podkategorija
Naziv na stranom jeziku
---
Prevalenca
Непознато
Nasleđivanje
Не е применливо
Period početka bolesti
---
ICD 10
G54.8
OMIM
---
UMLS
C0520720
GARD
9258
MEDDRA
---
Tekstualni opis
Пациентите со периневрални цисти имаат болка во делот на нервите кои се погодени со цистата, мускулна слабост, отежнато седење во тек на подолги временски периоди, болка за време на кивање или кашлање, оток на сакралната област, парастезија, главоболки, ишијас, и дисфункција на црева, мочен меур и сексуална дисфункција. Цистите типично се појавуваат покрај корените на постериорните нерви и можат да бидат залисни или незалисни. Главната карактеристика која ги разликува периневралните цисти од другите спинални лезии е присуството на влакна на 'рбетниот нервен корен во ѕидот на цистата или во шуплината на цистата.
Etiologija
Постојат многубројни состојби што можат да предизвикаат цистите да постанат симптоматични, вклучувајќи трауматска повреда, подигање на тежина, породување, епидурални и траума на 'рбетниот столб. Забележано е дека херпес симплекс вирусот може да предизвика да се смени хемијата на телото и дека симптомите на периневралните цисти се влошуваат за време на избувнувањата на херпес вирусот.
Prognoza
bolest_prognoza
Diferencijalna dijagnoza
Главните диференцијални дијагнози се менингеална дивертикула со долги арахноидни продолжувања, кои можат да се разликуваат со брзото полнење на миелографија во споредба со одложено полнење на периневралните цисти. Диференцијалните дијагнози вклучуваат и хернија на лумбарните дискови, арахноидитис, а кај жените и гинеколошки состојби.
Tretman
Лекувањето вклучува лумбарна дренажа на цереброспиналната течност, аспирација на цистите насочено со КТ скенирање, декомпресивна ламинектомија, ексцизија на циста и/или нервен корен и микрохируршка фенестрација на циста и имбрикации. Меѓутоа, хируршкото лекување на периневрални цисти е комплицирано со постоперативна псевдоменингоцела и интракранијална хипотензија и рецидив на цистата. Терапијата за болка може да понуди нехируршка алтернатива за лекување на симптоматичните периневрални цисти.
Dijagnostičke metode
Дијагнозата се базира на МРИ, КТ или миелограм на пациенти кои имаат болка во долниот дел на грбот или ишијас.
Antenatalna dijagnoza
---
Epidemiologija
Годишната инциденца е проценета на приближно 5%, иако големите цисти кои ги предизвикуваат симптомите се релативно ретки со годишна инциденца проценета на помалку од 1/2,000. Жените се погодени почесто од мажите.
Genetsko savetovanje
Мнозинството на периневрални цисти е спорадично. Меѓутоа, кај некои случаи цистите се забележани кај роднини, што ја предлага можноста на семејна карактеристика со автосомен пренос.
Terapija
---
Klinička istraživanja
---