Пиомиозитис

Definicija

Пиомиозитис (ПМ) е ретка примарна бактериска инфекција на скелетниот мускул, и обично се јавува поради хематогено ширење или поради повреда на мускулите. Се карактеризира со болка и осетливост на погодените мускули, висока температура и формирање на апцеси.

Пребарување

Pun naziv

Пиомиозитис

Kratki naziv

---

Sinonimi

Миозитис пурулента тропика ПМ Миозитис тропиканс Супуративен миозитис Тропски пиомиозитис

Orpha broj

764

Kategorija

Podkategorija

Naziv na stranom jeziku

---

Prevalenca

Непознато

Nasleđivanje

Не е применливо

Period početka bolesti

---

ICD 10

M60.0

OMIM

---

UMLS

C0041188  C1704275

GARD

4614

MEDDRA

10037652
Tekstualni opis
ПМ се јавува во која било возраст со машка предоминантност. Во тропските региони, обично се појавува кај млади, атлетски лица и погодува воглавно деца (2-5 години) и млади лица, додека пак во региони со умерена клима поголемиот дел од пациентите се имунокомпромитирани (поради неухранетост, хемотерапија, дијабетес мелитус, ХИВ инфекција) или страдаат од хроничен ренален застој или ревматоиден артритис. Најчесто погодените мускули се сератус антериор и спиналните мускули, глутеи, илиопсоас, квадрицепс и гастрокнемиус. Има три фази кои се гледаат во развојот на болеста. Инвазивната фаза трае 1-10 дена со симптоми на локализирана мускулна болка и отекување (без топлина или еритем), заедно со не многу висока температура. Симптомите на апендицитис се пријавуваат кај пациентите со илипсоас пиомиозитис. Гнојната фаза, или фаза на нега е 2-3 недели после почеток на симптомите, со прогресивна фебрилна болест и маса од меко ткиво која е осетлива и болна при допир. Ако не се третира, третата фаза е со сепса, метастатски апцеси, акутен ренален застој, септичен шок и смрт.
Etiologija
Точната етиологија не е позната, но мускулна траума или многу вежбање може да го олеснат хематогениот пристап на бактерии до скелетните мускули (обично отпорни на вакви типови инфекции). Се смета дека фибронектин врзувачки рецептори на мускулните клетки може да се влезна точка за бактериите. Во повеќето случаи, Стафилококус ауреус ја предизвикува болеста (до 90% во тропски случаи и 70% во земји со умерена клима), но инфекции со други видови бактерија се исто пријавени како стрептокока. Исто така се зголемува фреквенцијата на МРСА како инфективен агент во нетропични земји.
Prognoza
bolest_prognoza
Diferencijalna dijagnoza
Диференцијалната дијагноза вклучува паразитски и вирусен миозитис, лептоспироза, полимиозитис, трихинелоза, остеомиелитис, целулитис, некротизирачки фасциитис, клостридијална мионекроза, септичен артритис, длабока венска тромбоза, мускулни контузии, хематоми и руптури или кинење и истегнување на мускулите.
Tretman
Раната дијагноза и брз третман со антибиотици се суштински. Поради зголемена појава на МРСА, антибиотиците кои се користат се ванкомицин, теикопланин, тигециклин, даптомицин, линезолид. Третманот со тетрациклин или триметоприм - сулфаметоксизол може да е доволен во некои случаи. Антибиотиците се земаат 3-4 недели или подолго, зависно од бројот на погодени мускули, од чистењето на гнојните инфекции, од тоа кога се започнало со терапија, дали терапијата е одложена или поради микобактерија или Бартонела. Во форми каде има апцеси, третманот вклучува и сечење, дренажа и дебридман на мускулите, а во некои случаи и аспирација проследена со антибиотска терапија. Дренажата е потребна кај 40-70% од случаите, а повторна дренажа дури кај 10% од случаите. Третманот треба да се продолжи додека пациентот не е 7-10 дена без висока температура, раната е чиста и бројот на леукоцити е вратен на нормала.
Dijagnostičke metode
ПМ е тешко да се дијагностицира. Аспирацијата на гној од мускулот е обично во гнојната фаза и може да даде помош за дијагностицирање. Ако нема апцеси, мускулната биопсија може да идентификува бактерија која е одговорна за болеста и да елиминира други можности. Дијагностичките слики се корисни за дијагноза и третман на ПМ.
Antenatalna dijagnoza
---
Epidemiologija
Преваленцата не е позната. ПМ најчесто се појавува во тропски предели и е ендемичен на Источна Уганда каде годишно се пријавуваат 400-900 случаи. Во региони со умерена клима, случаите се со доста намалена фреквенција.
Genetsko savetovanje
---
Terapija
---
Klinička istraživanja
---